01Ное
 

Скопје или Белград?

On midnight between 2017 and 2018 I will #LiveRapsody.
What about you? ❄

 

Место каде Сава се среќава со Дунав, каде раскошните паркови се здружуваат со урбаните градби, каде старата светска култура отстапува место за новиот свет на ноќниот живот во Белград. Живиот пешачки булевар е опкружен со историски градби кои водат кон единствената античка катедрала Калемегдан, односно „круната на градот“, попатно поминувајќи низ многубројните кафичи и преубавата улица Кнез Михајлова. Едноставно речено, поглед за одмарање очи и земање здив од бурниот ноќен живот во градот.

Белград – град рангиран на ПРВО место за ноќен живот за младите. Од грандициозните кафулиња кои можете да ги посетите преку ден, до најлуксузните дискотеки во ноќните вечерни часови, како и добро познатите сплавови за денска и ноќна забава, кои ставаат посебен акцент на овој град што ќе Ви го одземе здивот во секој можен поглед. Каде и да одите, ќе бидете поздравени со позитивна атмосфера што ќе ве натера да се чувствувате како дома.

Во Белград секоја вечер е петок вечер, без разлика дали ги чека работа утредента, луѓето овде излегуваат секој ден од неделата. Највозбудливи и најпрометни ноќи кои не се диктирани од денот на неделата, туку од околностите и настаните. Причина за тоа се крие во разновидноста во музиката, многуте клубови и кафичи, но и преубавиот народ кој живее овде. Верувајте тешко се останува дома, кога надвор Ве чека уште една возбудлива ноќ, без разлика дали е проследена со транс, хип-хоп или добро познатата турбо-фолк музика.

Од друга страна, за љубителите на добра кафана, овде се наоѓа и добро познатиот боемски кварт познат по името „Скадарлија“. Овде на времето се собирале најпознатите српски глумци, веднаш по претставите, бидејќи и ден денес ова место е познато по исклучително добрата кујна.

E сега замислете ваков град, во атмосфера за Нова година и во организација од тимот на Рапсоди. Сплот од неверојатности на едно место, а забава загарантирана. Запознавања и дружења со весели и насмеани лица, Ваше е да дојдете и да се уверите, а наше е да се погрижиме за вас.

 

Автор:
Анета Кавазова