• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717

Team Building

Што претставува ТИМ БИЛДИНГ програмата?

 

Од оваа година Rapsody Travel & Events започнува со работа на тим билдинг програми и патувања наменети за големи и мали, државни и приватни претпријатија, фирми, здруженија и институции.  Веројатно сте слушнале досега за изразот “тим билдинг“ (team building), но можеби не сте сигурни на што се однесува? Тим билдинг програмите претставуваат еден вид на дружење со колегите надвор од работната околина и секојдневните обврски, после кое ја подобрувате меѓусебната комуникација, се зголемува мотивацијата и продуктивноста, желбата за работа, расположението на работа и слично. Она што го нудат нашите програми е намалување на акумулиран стрес и замор, кој со денови и месеци се собира кај секој поединец во текот на работните обврски и секако “полнење на батериите“ за нови предизвици кои Ве очекуваат на работното место. Сето тоа поткрепено со слоганот дека тимската работа е една од најважните работи на работното место, која овозможува тимска кохезија, поефикасно завршување на обврските, попријатна работна атмосфера, подобри резултати и успех во работењето.

Зошто ја препорачуваме ТИМ БИЛДИНГ програмата? Кои се предностите?

 

  • Го подобрува моралот и лидерските вештини
  • Ги пронаоѓа бариерите кои ја попречуваат креативноста
  • Јасно ги дефинира целите и задачите
  • Ги подобрува процесите и процедурите
  • Ја подобрува организациската продуктивност
  • Ги идентификува предностите, но и слабостите на тимот
  • Ја подобрува способноста за брзо и ефикасно решавање на проблемите
  • Ја зголемува самодовербата, но и довербата и почитта меѓу вработените
  • Вработените се запознаваат подобро меѓу себе
  • Го зголемува чувството на одговорност

Нашата агенција организира тим билдинг програми кои вклучуваат неколку области:

  • Обуки и усовршување
  • Релаксација и патувања
  • Здрави животни навики
  • Класични патувања

Вие го заслужувате најдоброто, а Rapsody Travel & Events ви ги овозможува најдобрите и најзабавните тим билдинг програми. Заедно до победнички тим!

Пријатели на патувањето
Актуелна понуда



Мапа на агенции