09Ное
 

Trailer – Зошто Копаоник?

Запознајте се со Копаоник – местото каде започнува оваа зима!

                            Најголемиот планински масив во Србија се протега 80 километри од север кон југ, и достигнува надморска височина и до 2017 метри, на место кое се вика Панчичев врв. Станува национален парк во 1981 година, а тоа се должи на неговиот уникатен биодиверзитет и еко-систем. Паркот зафаќа површина од околу 11 илјади хектари на кои е распространет вистински рај од ендемична флора и фауна. Копаоник важи за вистинска сончева долина на Србија, со дури 200 сончеви денови годишно, а со авантурата која ние ви ја подготвуваме, сонцето воопшто нема да зајде додека сме таму!

                           Убавината на Копаоник лежи во величенствените пејсажи кои наѕираат од секоја можна страна на планинската верига и пресликуваат прекрасни шуми кои со сјајот на сонцето непрестано си ги прелеваат боите едни на други. Гледајќи во импресивната слика на тамошната природа ќе почувствувате дека светот е на ваша дланка, и до него се доближувате со секој здив од чистиот воздух. Непрестано ќе ве милува танцот на уникатните пеперутки Colias balcanica, а длабоката виолетова боја на ендемичните љубичици ќе ви ги одмори очите. Покрај природата која одзема здив, Копаоник важи за еден од најголемите ски-центри во Европа, располагајќи притоа со околу 24 ски-лифтови и патеки кои се протегаат од 1650 – 2017 метри надморска височина. Едноставно, тоа е место кое пружа можности за секаков тип на луѓе: За страсните скијачи е најголем ски-центар во Србија и регионот, а за оние кои бараат место за опуштање, релаксација и уживање претставува парче рај на земјата… а оние кои бараат малку добра забава и с(ш)анкање? За нив подготвивме еден уникатен „winter break“ во добропозната Рапсоди атмосфера полна со изненадувања!

                          Се надеваме дека ви се допаѓа идејата да поминете еден декемвриски продолжен викенд на Копаоник во наша организација, а за повеќе детали околу тоа што ви го подготвуваме за почеток на зимата, следете нè!

 

 To be continued…

Автор:
Симона Туфегџиќ