17Мар
 

Важна информација!

 

Почитувани наши апсолвенти,

 
Ве известуваме дека од 16.03.2020 нашата канцеларија нема да работи, согласно препораките на владата со цел заштита од можно понатамошно ширење на вирусот, се до завршување на вонредната состојба.
 
Исто така би сакале да ве информираме дека секоја понатамошна комуникација во периодот додека нема да работиме, ке се одвива на нашиот официјален маил – collegiummkd@gmail.com.
 
Апелираме до сите вас кои што како и ние сме засегнати од настанатата ситуација, да останете смирени и имате трпение. Ние сме во постојана комуникација со надлежните органи, кои најавуваат помош и поддршка за наше и ваше обештетување. Како совесна агенција која опстојува долги години на македонскиот пазар и која го прави најдоброто за вас студентите, Ве уверуваме дека никој нема да биде оштетен.
 
 
Чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски,
 
Со почит ваш Рапсоди Травел.