17Мар
 

ЗАКИНТОС – САМО ЗА ИСКУСНИ PARTY ANIMALS

За вас подготвивме еден мал водич за што треба да посетиш на Закинтос  за да го достигнеш нивото на прав PARTY ANIMAL!

Закинтос е дестинација што години наназад важи за најдобра и најбарана од младите кога е во прашање добрата забава. Овој остров, а особено местото Лаганас, никогаш не спие! Забавата започнува истиот момент кога ќе пристигнеш на островот, а завршува кога ќе заминеш од него!

Сепак, Закинтос е многу повеќе од само забава. Тој е трет по големина од грчките острови на Јонското море. Го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и ендемичниот вид na желки „Карета“, кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Најдобар начин за одблиску да ги видите овие прекрасни ретки животни е преку бродовите со стаклен под кој испловуваат од Лаганас. Дефинитивно одлична можност да направите прекрасни фотки. Уште едно обележје на островот е прекрасната архитектура на островот. Забележливо е на секој чекор влијанието од разните освојувачи кои владееле со овие простори, особено влијанието од венецијанската архитектура во главниот град Занте.

Одморот на Закинтос не би бил целосен ако не ги посетите најважните симболи на островот и така да направите добра комбинација од забава и одмор. Ве чека вистинско уживање! Еве ги нашите предлози:

  • Вкупната должина на островот Закинтос изнесува 123км и ја красат голем број на уредени крајбрежни региони. Искористете ја приликата и посетете некоја од најатрактивните места како што  се плажите St.Nicholas, Banana Beach, Azzuro Beach, Porto Zoro, Argasi, St.Porto Roma, Porto Vromi. Секоја плажа има посебна тематска забава: игри без граници, одбојка на плажа, DJ забави. Наши фаворити се Casa playa (Banana beach) која е позната по прекрасниот ситен песок, кристално чистото море и преубаво уредените барови, но и  Nicholas каде може да уживате во големиот број адреналински атракции на вода.
  • Не пропуштајте вистинска летна забава на брод со стотина млади луѓе од целата групација! Најдобрите странски и домашни хитови, сонцето и преубавото тиркизно море ви гарантираат совршена атмосфера. Анимацискиот тим на Rapsody Travel организира разни натпревари и наградни игри така да со сигурност нема да ви биде досадно. Една и единствена BOAT PARTY. Let’s party! Попладнето се качуваме на брод, и до вечерните часови уживаме на најдобрата пловечка дискотека на Закинтос.
  • Почуствувајте го духот на Грција низ традиционалните танци, песни и добро познатите звуци на гитара и бузуки. Уживајте во традиционалната атмосфера со сиртаки и разни специјалитети од грчката кујна како и одличното домашно вино. Професионални танчери и забавувачи низ интерактивна програма ќе придонесе оваа грчка вечера да остане незаборавен спомен.