16Мар
 

АМСТЕРДАМ – забранетото овошје

Амстердам претставува еден од најубавите и најконтроверзните градови во Европа. Град на толеранција и различности, градот на историјата, културата и забавата! Амстердам во исто време е и отворен музеј, ризница на познати објекти и споменици под отворено небо, како и модерна, жива престолнина. Во “Северна Венеција” како што уште се нарекува поради големиот број на канали (165 канали долги 100 км), несомнено ќе најдете се што барате: почнувајќи од романтични пејсажи, па карактеристична холандска архитектура, канали, мостови и бродови, па се до познатата Црвена зона (Redlightdistrict).

Ретки се оние градови каде речиси попловина од резидентите се странци. Амстердам, со својата убавина,но пред се космополитска и многу опуштена атмосфера, претстваува омилен град на луѓе од сите страни на светот. Не само што речиси секој зборува англиски, туку голем број од жителите се и полиглоти. Преубава архитектура, центар на милион случувања, фестивали и концерти, ресторани што нудат традиционална храна, но и различни други кујни, забави за сечиј вкус во текот на цела недела. Го препорачувамe Амстердам на сите оние кои се доволно отворени да искусат што навистина значи слобода; слобода на креативен израз; слобода на забава до бескрај; слобода на сексуалност и експериментирање со различни легални супстанции.

Законот за дрога на Холанѓаните е единствен во светот. Тој е создаден со идејата дека секое човечко суштество може да донесува одлуки за сопственото здравје. Холанѓаните сметаат дека ова правило е најважно. Во Амстердам може да влезете во таканаречен „кофи шоп“ и да купите различни видови на канабис и други лесни дроги (на свој ризик!). Но,внимавај да не претераш!

Ноќниот живот е неверојатен! Огромен избор на забава по амстердамските барови и клубови, дј-и, концерти итн. Еден од најкултните клубови се вика Парадизо, кој претавува катедрала трансформирана во диско. За подобрите концерти, треба да се купи влезница однапред.
И секако, најконтроверзната, најпознатата црвена зона, „улицата на црвените фенери“или Red Light District, која е посебно интересна за припадниците на машката популација бидејќи има околу 500 бордели во вид на излози и дневно работат по 1.000 девојки. Голем избор избор на девојки од целиот свет кои нудат сексуални услуги, најразлични секс перформанси и продавници со различни гаџети.

За да ги посетите сите овие знаменитости и во целост да го прошетате градот како што е редот, не заборавајте да си изнајмите велосипед. Во Амстердам на прво место во сообраќајот се токму велосипедистите.