• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

НОВА 2021 ГОДИНА КАПАДОКИЈА + ИСТАНБУЛ

 

НОВА 2021 ГОДИНА

КАПАДОКИЈА + ИСТАНБУЛ

6 ДЕНА/5 НОЌЕВАЊА

28.12 – 02.01

 

1. ДЕН (28.12 Понеделник) – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – КАПАДОКИЈА 

Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје 2 часа пред летот, по што следува чекирање и задолжителни пасошки и царниски формалности. Се полетува во 02:35ч, на лет бр PC352. Слетување во Истанбул во 06:00ч по локално време. Следува преместување на домашниот терминал од каде што летот продолжува за Кајсери. Летот од Истанбул за Кајсери е закажан за во 08:30ч по турско време, со бр.PC2732. Слетување во Кајсери во 09:50ч. Трансфер до хотелот во местото Ѓореме во самото срце на Кападокија. Следува сместување во хотел.

Во вечерните часови, следува факултативен излет – класична турска вечер со играње и музика како и традиционална храна и пиење. Уживајте во вечерниот програм и опуштете се со убавините на овој забавен програм кој трае до доцните вечерни часови. Во цената е вклучена неограничена конзумација на алкохолни пијалоци + вечера. Враќање назад во хотел.Ноќевање.

 

2. ДЕН (29.12 Вторник) – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА (Црвена тура) – АДРЕНАЛИНСКА QUAD BIKE ТУРА

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет мистична Кападокија” (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години.
По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи.
Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за ќилими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна.
На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

 

3. ДЕН (30.12 Среда) – КАПАДОКИЈА ОД ВОЗДУХ (МАГИЧЕН ЛЕТ СО БАЛОН) ДРЕВНА КАПАДОКИЈА (Зелена т.е јужна тура) 

Појадок. Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памти! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел во 04:30ч). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови  пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”.
Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот. Враќање назад кон хотелот.

Следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни ванариим, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички. Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.  По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто галебите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

 

 4. ДЕН (31.12 Четврток) – ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – ТАКСИМ – ТОП КАПИ – ДОЧЕК НА НОВАТА 2021 ГОДИНА!

Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Летот од Кајсери до Истанбул е закажан за во 16:10ч, со бр.PC2737.  Слетување во Истанбул во 17:30ч. Трансфер од аеродромот до хотелот на Таксим. Сместување во хотел.
Следува факултативна посета на стариод дел од Истанбул + Топкапи палата (факултативно), која што полни 4 векови претставувала резиденција за султаните, место каде што се одлучувало за судбината на многу европски народи. Палатата се состои од 4 дворци кои што ќе имаме прилика да ги прошетаме заедно со локален водич и да ги слушнеме сите интересни приказни поврзани за оваа палата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. Слободно време за индивидуални активности. Враќање назад во хотел и подготовка за најлудата ноќ во годината, спектакуларно да ја дочекаме новата 2021 година. Ноќевање

 

5. ДЕН (01.01 Петок) ИСТАНБУЛ – ИСТОРИСКИ ДЕЛ – АЗИСКИ ДЕЛ – ПРИНЦЕВСКИ ОСТРОВИ – СЕИР САФИР

Среќна нова 2021 година!!!

Појадок. По појадокот следува посета и разглед на стариот историски дел на градот:

* ХИПОДРОМ – Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.

* АЈА СОФИЈА  – Овој храм со својата појава крие многу тајни на христијанскиот и исламскиот свет. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.

 * СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.

 * КАПАЛИ ЧАРШИЈА –  Разгледот го зарвшуваме со шопингот во Капали Чаршија кој изгледа како истражување на лавиринт. Тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века, мамејќи ве големи количини на злато и свила којшто се изложени во многубројните продавници.

Потоа се упатуваме кон Азискиот дел на Истанбул, прекрасно место за уживање покрај море. Единствена можност да се види Моминската кула, во Азиската населба Ускудар и да се ужива во прекрасната глетка, Бејлербеји, местото од каде се гледаат двата моста каде ќе имате шанса да пробате риба или некоја од другите турски специјалитети и пијалоци покрај Босфор. Посетата на Азискиот дел, ја збогатуваме со посета на Принцевските острови, архипелаг составен од 8 мали островчиња. Како најголем се смета BUYUK ADA, чија што посета одблизу ќе ни овозможи да се запознаеме со локалната архитектура, која датира од османлиското владеење, збогатена со раскошно уредени паркови и каде единственото превозно средство кое може да се забележи се коњските кочии – пајтони. Следува слободно време за индивидуални активности, како и можност за уживање во некои од рестораните покрај брегот на мраморното море. Во попладневните часови враќање кон хотел.

Вечерта можост за факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку   4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. Враќање кон хотел. Ноќевање.

 

6. ДЕН (02.01 Сабота) – КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – ДОЛМАБАХЧЕ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот. Следува прекрасно факултативно КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен. Оттаму, факултативна посета на “турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. 
Слободно време за индивидуално уживање покрај Босфорот. Трансфер до аеродромот во Истанбул. Чекирање на летот за Скопје. Летот од Истанбул до Скопје е закажан за во 22:05ч по локално турско време, со бр. PC351. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 21:35ч по локално македонско време.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 549 евра

ПРОМО ЦЕНА:– 429 евра

 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ (PEGASUS)
  • Аеродромски такси
  • 3 ноќевања со појадок во “CAVE HOTEL” во Кападокија
  • 2 ноќевање со појадок во хотел со 4* во Истанбул (на Таксим)
  • Трансфери аеродром – хотел – аеродром
  • Комплетна организација и реализација со водич на патувањето
  • Патничко здравствено осигурување со вклучена заштита од COVID-19

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Доплата за 1/1 соба – 100е
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Мистична Кападокија – 40е
  • Древна Кападокија – 40е
  • Летање со балони во Кападокија (1час) – 100-120е во зависност од типот на балон и бројот на особи
  • Традиционална турска вечер – 35е
  • Адреналинска QUAD BIKE тура – 25е
  • Стариот дел на Истанбул – 10 еур
  • Топкапи Палата – 30еур
  • Крстарење по Босфор – 20еур
  • Азиски дел на Истанбул + Принцевски острови – 15 еур
  • Sapphire Seyir Terasi + 4D кино проекција – 15 еур
  • Долмабахче со локален водич – 30 еур

 

 

***Агенцијата го задрѓува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.

***Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, односно, доколку аранжманот се резервира на 48 часа пред летот и истиот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 

 

 

The map is updating ...