• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

Истанбул Нова 2021 Година – Авио

ИСТАНБУЛ – АВИО ПРОГРАМ

ТЕРМИНИ (3 НОЌЕВАЊА) :

31.12 – 03.01

 

 

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој
брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и
неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.
 

1. ДЕН – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Летот е закажан за во 02:35ч наутро и се реализира преку компанијата Пегасус. Задолжително индивидуално чекирање на аеродромот во Скопје – 2 часа пред летот. Пристигнувањето на Истанбулскиот аеродром е предвидено за во 06:00ч по локално време. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

 

2. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот следува факултативен разглед на стариот дел на градот: Хиподромот, Сината Џамија (Султан Ахмет), Аја Софија, Топкапи палата и Капали Чаршија. По завршувањето на разгледот се враќаме назад кон хотелот. Слободно време. Вечерта следува факултативен излет – Традиционална турска вечера со дегустација на познатите турски специјалитети придружени со турски фолклор, стомачен танц и анимациски програм. Враќање назад во хотелот. Ноќевање.

 

3. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот следува факултативниот излет КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од околу 2 часа. По крстарењето заминуваме во најубавиот шопинг центар во Истанбул – CEVAHIR. По враќањето од шопинг центарот следува факултативна посета на една од најпознатите знаменитости на Истанбул – Палатата ДОЛМАБАХЧЕ. Враќање назад во хотелот. Слободно време. Ноќевање.

 

4. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот имате слободно време се до попладневните часови, односно до трансферот. Трансфер до интернационалниот аеродром во Истанбул. Полетување за Скопје. Слетување на Скопскиот аеродром во вечерните часови по локално македонско време.

 

 

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 359€

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 01.12.2020

ХОТЕЛ СО 4*  – 289€

 

 

 СМЕСТУВАЊЕ УСЛУГА ТИП НА СОБА
1/3 1/2 1/1
Хотел 4* НП 359€ 359€ 429€

 *цените во табелата се однесуваа по лице*

 

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

Хотелот со 4* е сместен во месноста Пера, во близина на едно од најпознатите туристички места, плоштадот Таксим. Во негова близина се наоѓаат голем број на познати туристички дестинации и локалитети, како музејот MADAME TUSSAUDS, Galata Tower, Galata Bridge итн, со тоа што го прави еден од најатрактивните места во градот. Посебно е актуелен кај помладата популација, поради фактот што во негова околина има безброј ресторани, клубови, места за кафе/чај итн.  Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трокреветни, СПА центар (сауна, парна бања, теретана), ресторан, лоби бар како и рецепција достапна 24 часа.

 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Авионски билет со компанијата Пегасус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Вклучен чекиран багаж до 20кг и рачен багаж до 8кг
  • Трансфер од аеродром до хотел и назад
  • Авионски такси
  • 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел, во областа Пера на Таксим
  • Комплетна организација со претставник од Т.А Рапсоди Травел
  • Патничко здравствено осигурување со заштита од COVID-19
  • Попуст за деца од 2 – 12 години – 10% на целосната сума на аранжманот, во случај да се сместени со два родители во иста соба.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и посети
  • Задолжителна туристичка такса во Турција (2 евра по ноќ по лице)

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ПОСЕТИ:

  • Панорамски разглед – 10
  •  Топкапи палата – 30
  •  Крстарење по Босфор – 20
  •  Долмабахче палата – 30
  • Турска фолклорна вечера – 45
  • Ејуп, Миниатурк, Пиере лоти – 30
  •  Чамлиџе – 15

 

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

 

1. ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД 

* ХИПОДРОМ– Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.

* АЈА СОФИЈА  – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.

 * СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.

 * КАПАЛИ ЧАРШИЈА –  Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.

 

2. ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

 

3. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен.

 

 4. ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности. Враќање кон хотел.

 

5. ТУРСКА ФОЛКЛОРНА ВЕЧЕРА – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате со некој добар пијалок. Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите

 

6. MИНИАТУРК, ЕЈУП, ПЈЕР ЛОТИ – Најпрвин се оди до музејот Миниатурк во кој што се изложени макети од сите битни знаменитости и објекти од времето на Османлиското царство и од времето на современа Турција. Потоа следува посета на познатиот кварт Ејуп каде што се наоѓа познатата Ејупова џамија како и гробот на Мехмед Паша Соколович. По посетата на Ејуп со жичара се искачуваме до познатиот ресторан Пјер Лоти од каде што се пружа фантастичен поглед кон Истанбул и Златниот рог.

 

7. ЧАМЛИЧЕ – преставува најголема и најнова џамија во Турција а воедно и во Истанбул. Сместена е на азиската страна на Истанбул односно во населбата Ускудар од каде што се пружа фантастичен поглед кон Босфорот.

 

***Агенцијата го задрѓува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.

***Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, односно, доколку аранжманот се резервира на 48 часа пред летот и истиот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 

The map is updating ...