• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

АЗУРЕН БРЕГ – ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЛЕТО 2021

АЗУРЕН БРЕГ – ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА

 

ТЕРМИН: 25.08 – 05.09 

(7 ноќевања/ 12 дена)

 

1 Ден – MAKЕДОНИЈА

Поаѓање околу пладне од Скопје. Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.

 

2 Ден  – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.

 

3 Ден – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.

 

4 Ден –  ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА
Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место  – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полни пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.

 

5 – 9. Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА
Полн пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.

 

10 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и слободно време. Поаѓање од Љорет во вечерни часови. Ноќно возење низ Франција со попатни паузи.

 

11 Ден – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. Посета на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena… Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.

 

12 Ден – МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во вечерните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                                    

Цена по лице: 499 евра  399 eвра
Дете 2-11,99 299 еврa (Во придружба на две возрасни лица)
Дете 0 – 1,99 бесплатно

 

 

 Цената вклучува:

  • Комплетна организација на патувањето
  • Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
  • Разглед на градовите според програмата
  • 1 ноќевање со појадок (континентален) во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
  • 6 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел  4*** (соби 1/2+1)

 

Цената не вклучува:

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети
  • Доплата за 1/1 соба – 200€ 
  • Задолжителен PCR тест
  • Задолжителна градска такса за регијата Каталонија (од 01.11.2012) – во хотелите со 1*, 2* и 3* – 0.50 € по ноќ/по oсоба, 4*, 5* – 1€ – се плаќа на рецепција на хотелот.
  • Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите (за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот, хотел 4**** од 4€ )

 

НАПОМЕНА!!!

***Резервација на место се прави со 3000 денари по лице.

***Во случај на заострување на COVID – 19 мерките во местата кои се посетуваат, сите уплатени средства за аранжманот ќе ви бидат рефундирани во целост.

 

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ: 

Хотелот Don Juan, е сместен во центарот на Љорет де Мар, на само 400 метри оддалеченост од главната градска плажа. 

https://www.hoteldonjuanresort.com/en/

 

 

ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Барселона панорама-20 € – Панорамско разгледување на бисерот на Медитеранот, престолнината на фк Барселона, извонредните архитектонски дела на неповторливиот Антонио Гауди – Sagrada Familia, casa Mila, casa Batlo, placa Espanya, placa Catalunya, паркот Ciutadella, споменикот на Кристофер Колумбо…

 

  • Барселона шопинг и магични фонтани-15 € – Посета на трговскиот ценатар Mataro Parc, сместен во градот Матаро, на само 30 км оддалеченост од Барселона и трговскиот центар “Marremagnum” сместен на самото крајбрежје на медитеранот. Во вечерните часови во договорено време заминување кон магичните фонтани, кои се дел од саемскиот комплекс изграден за светската изложба во 1929 година. Фонтаната приредува вистинско магично шоу, во кое се преплетуваат повеќе од 7 милиони комбинации од вода, светло и музика. Во една од музичките компилации се изведувала и Игри без граници од неповторливиот Тоше Проевски.

 

  • Витешка вечер (Castel Medieval)-30 € – Навратете се 500 години назад во средниот век, во времето на витешките борби, навивајте и бодрете го вашиот витез. Во текот на шоуто добивате витешки средновековен оброк со традиционално шпанско вино. По завршување на витешките борби, следува традиционална шпанска игра – фламенко, која датира од XVII век и е под заштита на Унеско.

 

  • Фламенко Monterrey Lloret de Mar – 25 € – традиционална шпанска игра – фламенко, која датира од XVII век и е под заштита на Унеско. Истата се состои од песна, гитара и танц и е дел од секојдневието на шпанците.

 

  • Коста Брава – 20 € – Авантуристичко патување низ најживописниот дел на “Дивиот брег” на Каталонија. Се посетува препознатливо шпанско градче – Тоса де Мар, летувалиште во кое престојувале голем број на познати светски актери, пејачи и сл. Потоа се продолжува кон ботаничката градина, во која се наоѓаат голем дел на ретки изданија на кактуси кои се донесени при големите освојувања на Колумбо. Излетот се завршува со посета на традиционална шпанска винарија, со можност за дегустација на квалитетни шпански вина карактеристични за самиот тој дел на Каталонија.

 

  • Венеција-25 € – Градот на Св. Марко, Антонио Вивалди, Марко Поло и најголемиот љубовник на сите времиња Казанова, мостот на воздишките, единствениот град во вода које распостелен на 118 мали островчиња, поврзани со 400 мостови меѓу кои сообраќајот се одвива со препознатливите венецијански гондоли.

 

  • Камп Ноу – 25 € – Храмот од кои произлегоа голем број на светски познати имиња и ветерани, еден од најпознатите стадиони во светот, најголемиот стадион во Европа кој располага со капацитет од 99 354 места за седење.

 

  • Аквариум – 20 € -Еден од најпопуларните светски аквариуми со преку 11 000 примероци од 450 различни растителни и животински подводни видови, со неверојатен 80 метарски тунел под површината на морето со посетеност од повече од 14 мил. туристи.

 

  • Мариниленд – 25 € – Најголемиот забавен аква парк во целиот регин на Коста Брава, кој што покрај големиот број на базени и тобогани, се наоѓа и зоолошка градина и дефинариум, кој во попладневните часови со свои програм дополнително го зголемуваат ужувањето покрај водата во летните сончеви денови.

 

  • Порт Авентура -50 € – Паркот кој годишно го посетуваат повеќе од 3.5 мил. туристи, го прави најпосетуваниот парк во Шпанија со извонредна можност за посета и уживање во сите адреналински атракции.

 

  • Тропикс дискотека–клуб картичка – 30 € (2 уклучени пијалоци).

 

  • Музеј на Салвадор Дали – 25€
The map is updating ...