• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

“Београд нa Води”

Б е о г р а д  н а  В о д и

 

28.08 – 30.08.2020

 

 

1.ДЕН (28.08 Петок) Скопје – Белград

 

Состанок на групата. Поаѓање во раните утрински часови – 05:00ч. од паркингот на СЦ Борис Трајковски со почитување на сите протоколи и здравствени препораки.

Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување на групата во Белград во пладневните часови.

Куферите се оставаат во хотел и следува слободно време за одмор и релаксација согласно времето за check in во хотел. Во договорено време заминување во панорамски разглед на Белград, главниот град на Србија, кој ги вклучува најпознатиот стадион од поранешните југословенски простори Маракана – стадионот на ФК Црвена, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње, куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито како и соборниот храм Св. Сава. Продолжуваме со  пешачки разглед во центарот на градот: хотел Москва, ул. Кнез Михајлова, плоштадот на Републиката, Калемегдан парк, Скадарлија…

По пешачкиот разглед следува слободно време за уживање и дополнително запознавање со Белград.. Индивидуално уживање во остатокот од денот. Ноќевање.

 

2.ДЕН (29.08 Сабота ) – Белград            

 

Појадок. По појадокот следува можност за факултативна посета на “Ада Циганлија” која претставува најпопуларно и најпосетувано излетничко место за туристите во топлите летни денови. Полуостровот Ада Циганлија овозможува прекрасна услови за уживање и капење во водите на реката Сава. Секако, на самата градска плажа се наоѓаат голем број барови и ресторани кои ке ви понудат вкусна храна и одлични егзотични коктели. Самиот полуостров располага исто така и со голем парк со богат растителен свет кој што дополнително ќе ви го разубави целокупниот впечаток.

По враќањето од Ада Циганлија, следува време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

 

3.ДЕН (30.08 Недела ) – Белград – Скопје

 

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот. Се упатуваме кон една од најпрепознатливите групации во светски рамки за опремување на вашиот дом – ИКЕА, кој што се наоѓа на 20км од Белград. Следува слободно време за разгледување и индивидуални желби за купување. По посетата на ИКЕА во договорено време заминуваме назад кон Скопје, преку граничниот премин Табановце со попатни паузи и гранични регулативи.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

 

 

                                                   ЦЕНА: 99

 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања  во Белград во Capital Hotel Garni 4* со појадок (хотелот е лоциран во строгиот центар на Белград)
  • Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување;
  • Превоз со високотуристички автобус со целосно почитување на протоколите и здравствените препораки (клима, тоалет, ТВ, видео) на релација Скопје – Белград – Скопје;
  • Посета на ИКЕА

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Панорамски разглед на градот;
  • Факултативни излети

– Посета на Ада Циганлија и превоз во два правци 10€

– Пешачка тура и панорамски разглед на градот 10€

Пакет од двата излети – 15€

  • 160  динари (1,33€)   по ноќ туристичка такса по лице  (се плаќа на рецепција);
  • За сопствен превоз се одбива 15 евра од аранжманот;
  • Индивидуални трошоци

 

Опис на хотелот:

http://www.capitalhotel.rs/

Хотел Capital Hotel Garni 4* е лоциран во строгиот центар на градот, на само 8 мин пешачење од плоштадот Република, а на . Секоја од собите е опремена со клима уред, кабловска телевизија со рамен екран, минибар, тоалет туш, фен…Се наоѓа веднаш до Кнез Михајлова, омилената улица за шопинг и прошетка на сите посетители. На само 3 мин оддалеченост  се наоѓа Калемегдан, а во непосредна близина е и ново изградениот трговски центар Рајичева.

 

The map is updating ...