• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ДУБАИ + МАЛДИВИ

ДУБАИ + МАЛДИВИ

8 ноќевања со појадок

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА!

Термин : 26.04 – 04.05  – од 1199 (до 12.04)

 

 

 Дубаи, втора по големина од седумте емиратски држави, со која управува семјството Ал Мактум. Дубаи не само штопретставува центар на трговијата и индустријата на ОАЕ, туку во последните неколку години доста вложува во развојот на туристичката дејност.
Комбинацијата од најквалитетни хотели, белите плажи на “Jumeriah Beach”, чистиот луксуз, фантастичните архитектонски проекти и ориенталната атмосфера го претвараат секое патување во незаборавно доживување. Посетителите на овој сигурен арапски микрокосмос можат да пронајдат префектно организирани услуги, висока технологија, недопрена природа, светлосни палати, фантастичен подводен свет – или едноставно сите контраси који го исполнуваат срцето на еден светски патник.

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО

 

1 ден  – СКОПЈЕ – ДУБАИ
Состанок со групата на аеродромот во Софија два часа пред летот, индивидуално чекирање на летот и багажот, обавување на царинските и пасошките формалности. Полетување за Дубави во 16:10ч со авио компанијата FLY DUBAI. Слетувањето во Дубаи е предвидено за во 22:05ч по локално време. Следи трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.

 

2 – 4  ден – ДУБАИ

За време на вашиот престој во Дубаи ќе имате прилика факултативно да ги посетите некои од најпознатите и најубави знаменитости на овој град и неговата околината.

Burj Khalifa – најголемата зграда во светот со височина од неверојатни 828м, која најпрво требала да го носи името Burj Dubai, меѓутоа во чест на шеикот Khalifa al Nhjana е преименувана во Burj Khalifa. Облакодерот има 160 спрата, во него се сместени околу 1000 станови, канцеларии на 40 спрата, хотелот на Армани, како и прекрасната тераса на 124-тиот спрат.

Burj Al Arab – веќе со години е еден од симболите на раскошниот Дубаи, Burj al Arab преставува ултра луксузен хотел кој се смета за првиот хотел со 7* на светот. Сместен е на вештачкиот остров заедно со плажата Jumeriah. Островот со копно е поврзан со мост по кој можат да се движат и автомобили.
Музејот Дубаи – изграден на почетокот на 19.век и се смета за најстара градба во Дубаи. Првобитно бил користен како седиште на гувернерот, а од 1971 је прогласен за музеј. Го зафаќа просторот на тврдината Al-Fahidi во пределот Dubai Creek. Во музејот се изложени збирки од слики кои ја преставуваат историјата на Дубаи и сите фази на неговата експанзија, потоа традиционални оружја користени на овие простори, како и збирка посветена на морето и неговото значење во овие пустински предели и слики од старите бродови који биле користени за транспорт и трговија.

Palm Jumeirah – моментално најголем вештачки остров на светот, кој е граден во облик на палма со стебло и 17 листови, опкружен со мали островчиња кои во целина даваат облик на круг.

Abu Dhabi – главен град на Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува и еден од најмодерните градови во светот. Abu Dhabi е град кој нуди километри чисти песочни плажи и повеќе од 200 мали острови. Ќе ја посетиме една од најголемите новоизградени џамии во светот која прима 40.000 верници, потоа ќе прошетаме низ резиденцијалниот кварт, застанувајќи во Heritage Village – комплекс во кој на едно место ќе видите се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локални обичаи. Потоа следува посета на модерен трговски центар со слободно време за ручек и шопинг. Враќање назад кон Дубаи во попладневните часови со застанување и кратка посета на новата атракција – Ferrari World.

Jeep Safari – Зајдисонце на црвените дини со вечера во автентичен амбиент – во бедуински камп и ориентални мотиви. Можност за јавање на камили.
Трговски центар Mall of the Emirates – најголем шопинг центар на Блискиот исток, кој го сочинуваат преку 350 продавници, но и многу други содржини како што се разни тематски паркови, ресторани, кино сали, па дури и зимско скијалиште на затворено – Ski Dubai
Крстарење со брод (Show Cruise) – Прекрасно крстарење по заливот на Дубаи со вклучена вечера.

Ski Dubai – чудесно зимско скијалиште на затворено во сред пустина каде што во летните месеци може да се скија и на температури од над 40 степени целзијусови. Скијалиштето се наоѓа во трговскиот центар Mall of the Emirates, содржи 5 различни стази со вештачки снег со вкупна должина од 22.500 метри.
The World – архипелог со околу 300 мали вештачки острови кои се градени во облик на земјата. Секое островче претставува една држава, а нивниот распоред потсеќа на обликот на планетата Земја. Архипелогот се наоѓа на околу 4км оддалеченост од брегот и сите острови се на продажба. Целиот проект сеуште не е финално готов, меѓутоа е во завршна фаза.

 

5 ден (ДУБАИ – МАЛДИВИ)
Напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Дубаи. Чекирање на летот за Малдиви (МLE) во 10:45 часот по локално време. Слетувањето на Малдиви е предвидено за во 16:05 часот по локално време. Пристигнување и трансфер со брод до хотелот и сместување. Слободно време за запознавање на овој прекрасен остров и подготовка за уживање. Ноќевање

 

6 – 8 ден (МАЛДИВИ) – Синило на океанските води

Во кристално чистите води на Индискиот Океан лежи низа од бисери наречени Малдивски Острови. Омилена дестинација за одмор, уживање, една од најпознатите дестинации за меден месец и сон на многу луѓе од целиот свет. Малдивите се наоѓаат јужно од Индија и западно од Шри Ланка. Само околу 200 острови од архипелагот се населени, а 88 од нив се со елитни/ексклузивни летувалишта. Луѓето на Малдиви се гостопримливи и мирољубиви. Оваа мала нација брои околу 300.000 луѓе, од кои 70.000 живеат во главниот град Мале кое е мешавина на традиционална и модерна култура: старите генерации се држат до својот начин на живот, а младите се прилагодуваат на западните трендови. Мале е мал и густо населен остров, долг 2 километри и широк 1 километар. Интересно е дека стапката на развод на Малдивите е една од највисоките во светот, околу 80%. Не се чудете ако запознаете 25-годишник кој е женет веќе неколку пати. За жал овој рај на земјата полека исчезнува, поради проценките дека Индискиот океан ќе го преплави самиот остров, се претпоставува дека ќе исчезне до крајот на овој век. Воопшто не треба да размислувате дали треба оваа бајковита дестинација да ја посетите.

Време за уживање ! Сончање на најубавите плажи, капење во кристалните води на океанот, уживање во прекрасната морска храна и специјалитети. Дочек на најубавите зајдисонца збогатени со вкусни коктели, факултативни излети и прошетка на островите, откривање на скриените богатства на Малдивите и убавините. Возење со мали бродчиња, сурфање и искористување на бројните водени спортови. На Малдивите сме дојдени исклучително за уживање и креирање на спомени!

 

9 ден – МАЛДИВИ – СОФИЈА

Слободно време до поаѓање за аеродром. односно два часа пред полетување, можеби во друштво на вашиот омилен коктел или можност да направите уште една од низата незаборавни фотографии. Ги напуштаме Малдивите со надеж дека ќе имаме шанса пак да се вратиме. Одиме на трансферот со бродче до Мале. Следува чекирање на летот кон Софија закажан во 23:45 часот. 

 

10 ден – СОФИЈА

Пристигнување во Дубаи 03:15 часот и преседнување на летот кон Софија, закажан во 10:45 часот по локално време во Дубаи. Пристигнување во Софија во 15:10 часот по локално Бугарско време. Крај на авантурата.

 

 

РЕДОВНА ЦЕНА: 1399€

 

  ПРОМОТИВНА ЦЕНА : од 1199€ (до 12.04)

 

 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација СОФИЈА– ДУБАИ – МАЛДИВИ – СОФИЈА со авио компанијата FLY DUBAI 
  • Рачен багаж до 7 кг + 20 кг
  • 4 ноќевања во Дубаи со појадок во хотел Millennim Al Barsha со 4*
  • 4 ноќевања на Малдиви со појадок во хотел Triton & Spa 3*
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром
  • Трансфер со брод на релација Мале – Маафуши – Мале
  • Сите аеродромски такси
  • Виза

 

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Трансфер од Скопје до софискиот аеродром (можност за посредување на трансферот)
  • Градска такса, која се плаќа во Дубаи на рецепција во хотел (хотели со 4* околу 4-5 USD по соба по ноќ, хотели со 5*околу 6 USD по соба по ноќ) и 6$ од ден по соба на Малдиви
  • Факултативни излети и влезници
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
  • Негативен PCR тест не постар од 72ч
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 20€
  • PCR тест
  • EXIT PCR тест за враќање (посредува агенцијата за тестирање во Дубаи и Малдиви)

 

*** НАПОМЕНА ***

  • Доплата за полупансион 70€ по лице; 95€ за полн пансион на Малдиви
  • Доплата од 100€  (на промотивната цена по лице) за сместување во BANDOS MALDIVES 4* (Mожност за сместување во BEACH VILLAS, GARDEN VILLAS, SUPPERIOR VILLAS, DELUXE ROOMS, BEACH POOL VILLAS, WATER VILLAS, со претходно барање и предрезервација).

 

 

Сместување:

Millennium Al Barsha 4* 

https://www.millenniumhotels.com/en/dubai/millennium-al-barsha/?cid=gplaces-millennium-al-barsha

 

Triton Hotel & SPA 3* 

http://www.tritonbeachhotel.com/

 

Bandos Maldives 4*

HOMEPAGE

 

**Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.

***Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 

***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот и терминот во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.

The map is updating ...