• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

ИСТАНБУЛ – БУС

 

ИСТАНБУЛ (автобус)

3 ноќевања – 21.10 – 25.10

 

 

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

 

1. ДЕН – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ

 Состанок со групата во однапред договорено место и време. Поаѓање кон Истанбул во попладневните часови. Возење преку Република Бугарија со гранични регулативи и планирани попатни паузи.

 

2. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Пред пристигнивање во Истанбул застанување на бензинска пумпа за пауза и они кои сакаат да се спремат за факултативните излети кои се според програмата односно , првата дестинација по пристигнување ни е ТОПКАПИ ПАЛАТАТА – ова е палата на султаите , изградена на површина од 700,000 квадратни метри, дворецот се состои од три главни влезови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници , резиденција на владетелот , други резиденции и згради за вработените во палатата, свети мошти и царски архиви останале на чување во Топкапи палатата и по преместувањето на султаните во палатата Долмабахче. По разгледот на Топкапи се упатуваме пешки кон историскиот дел на градот , односно, Сината Џамија, Аја Софија, Хиподромот како и добро познатата Капали чаршија. По разгледот се упатуваме во хотел и се сместуваме. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во договореното време според програмот се упатуваме кон најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место , каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии. Ноќевање.

 

3. ДЕН – ИСТАНБУЛ

* ДОЛМАБАХЧЕ 

 Појадок. По појадокот се упатуваме кон ” турскиот Версај ” одноно добропознатата палата ДОЛМАБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската инперија, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20години ) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мусфата Кемал Ататурк , основач на турската држава, наследена и одпратена во историјата цо 19. и 20. век, предходната некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности , уживање , релаксација и фотографирање покрај Босфор.

* КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР 

Крстарењето по босфор предствавува неизбежен дел од посетата во Истанбул. Во 90 минутно крстарење , ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста , од модерни раскошни хотели , палати до приватни куќи. За враме на патувањето се поминува покрај прекрастана Долмабахче Палата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел…. незаборавно доживување , без кое престојот во Истанбул не е комплетен….

* Сеир Сафир 

Sapphire Seyir Terasi, највисоката тераса во Европа висока 238 метри, од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот , како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја. 

Враќање во хотел и слободно време. 

Во договореното време се упатуваме кон:

* ТУРСКА ВЕЧЕР 

Вечерта можност за посета на едно од најинтересните атракции во Истабул – ТУРСКА ВЕЧЕР. Програм  во времетраење од 3 часовно крстарење по Босфор и можност да се доживее ноќната магија на Истанбул , осветелните мостови, палати, куќи… навистина неверојатна глетка која не се пропушта . Програмот е збогатен со ориентални танци, во друштво на звуците на автентичната турска музика, а сето тоа зачинето со превкусна традиционална вечера како и неограничено пиење на алкохолни и безалкохолни пијалоци.    Ноќевање.

4. ДЕН – ИСТАНБУЛ

 Утрото по појадокот се упатуваме кон пристаништето од каде ќе испловиме кон Азискиот дел на Истанбул. По пристигнувањето следува краток разглед на најзначајните знаменитости односно, Моминската Кула, Кејот на рибарите, традиционалните турски улички со автентичен стил .  Слободно време за индивидуални прошетки, време за ужување покрај Босфор, можност за традиционален појадок, ручек, добро познатиот турски чај, како и дегустација на оригинално турско кафе. Во договореното време се упатуваме кон пристаништето. Враќање назад кон хотел и слободно време . Ноќевање.

5. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

По појадокот следува напуштање на хотелот. Се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри во Европа – ФОРУМ, ДЕКАТЛОН И ИКЕА. Во попладневните часови поаѓање назад кон Скопје со попатни паузи и гранични регулативи. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ – 99€

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: 

  • Комплетна организација од страна на агенцијата со водич на патувањето
  • Превоз со високо туристички автобус (АС, ТV, WC..) на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 4* на Таксим
  • Пешачки разглед на Истанбул (Сина Џамија, Аја Софија, Хиподром, Капали Чаршија)Галата кула и Таксим
  • Посета на најголемиот трговски центар во Европа – FORUM – IKEA – DEKATLON
  • Аранжманот е направен на минимум 40 патници
  • деца од 0 – 5,99 бесплатно; од 6 – 11,99 30% попуст; 

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна туристичка такса (   1 – еврo по ноќ, по лице ) – 3 евра 
  • Индивидуални трошоци

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ВЛЕЗНИЦИ

  • ТОПКАПИ– со лиценциран водич- 40€
  • КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР– 20€
  • ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА– со лиценциран водич – 35€
  • ТУРСКА ВЕЧЕРА НА БРОД – 3 часовно крстарење, со вклучени традиционални турски јадења и неограничен пијалок – 30€
  • SAPPHIRE SEYIR TERASI– со вклучена 4D проекција – 15€
  • АЗИСКИ ДЕЛ НА ИСТАНБУЛ –  Ускудар, Моминска Кула – 30€
  • Населба БАЛАТ – 10€ 

 

ПАКЕТ  75€ (Домлабахче со лиценциран водич + Азиски дел + Крстарење)

ПАКЕТ 110€  (Топкапи + Долмабахче + Seyir Sapphire Terasi + Азиски дел = ГРАТИС Крстарење по Босфор)

 

 

Pera Tulip Hotel 4* (Taksim)

www.peratulip.com

 

The Bianco hotel Pera (Taksim)

https://www.bianchohotel.com/

 

 

 

 

***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.

***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.

*** Минимум 6 месеци важност на пасошот од денот на враќање

The map is updating ...