ИСТАНБУЛ (PEGASUS)
ИСТАНБУЛ
05.03 – 08.03.2021 (3 ноќевања)
ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул. Денес Истанбул е велеград кој
брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и
неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.
1. ДЕН – СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Летот е закажан за во 10:20ч наутро и се реализира преку компанијата Пегасус. Задолжително индивидуално чекирање на аеродромот во Скопје – 2 часа пред летот. Пристигнувањето на Истанбулскиот аеродром е предвидено за во 13:45ч по локално време. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
2. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот следува факултативен разглед на стариот дел на градот: Хиподромот, Сината Џамија (Султан Ахмет), Аја Софија, Топкапи палата и Капали Чаршија. По завршувањето на разгледот се враќаме назад кон хотелот. Слободно време. Вечерта следува факултативен излет – Традиционална турска вечера со дегустација на познатите турски специјалитети придружени со турски фолклор, стомачен танц и анимациски програм. Враќање назад во хотелот. Ноќевање.
3. ДЕН – ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот следува факултативниот излет КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од околу 2 часа. По крстарењето заминуваме во најубавиот шопинг центар во Истанбул – CEVAHIR. По враќањето од шопинг центарот следува факултативна посета на една од најпознатите знаменитости на Истанбул – Палатата ДОЛМАБАХЧЕ. Враќање назад во хотелот. Слободно време. Ноќевање.
4. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Во раните утрински часови одјавување од хотел и заминување до интернационалниот аеродром во Истанбул. Пријавување на летот за Скопје, закажан во 09:50 часот. Слетување на Скопскиот аеродром во утринските часови во 09:20 часот по локално македонско време.
*** ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ***
ХОТЕЛ | ТИП НА СОБА | НОЌЕВАЊА |
3 | ||
THE PEAK 4* | 1/2 | |
GRAND HALIC 4* | 1/2 | |
CROWN PLAZA 5* | 1/2 | |
GRAND ANT 3* | 1/2 |
*цените во табелата се однесуваа по лице*
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:
ХОТЕЛ GRAND HALIC 4*
Хотелот со 4* е сместен во месноста Пера, во близина на едно од најпознатите туристички места, плоштадот Таксим. Во негова близина се наоѓаат голем број на познати туристички дестинации и локалитети, како музејот MADAME TUSSAUDS, Galata Tower, Galata Bridge итн, со тоа што го прави еден од најатрактивните места во градот. Посебно е актуелен кај помладата популација, поради фактот што во негова околина има безброј ресторани, клубови, места за кафе/чај итн. Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трокреветни, СПА центар (сауна, парна бања, теретана), ресторан, лоби бар како и рецепција достапна 24 часа.
Хотел CROWN PLAZA Istanbul – Old City 5 *****
https://www.ihg.com/crowneplaza/hotels/gb/en/istanbul/istbm/hoteldetail
Овој луксузен хотел се наоѓа во Истанбул, на 400 метри од Капали чаршија. Тој нуди спа центар, затворен базен и теретана. Бесплатен приватен паркинг е достапен за сите гости. Бесплатна WiFi е достапна низ целиот хотел. Елегантните простории на 5-вездената Crowne Plaza Istanbul – Old City имаат сателитска ТВ, опрема за правење чај / кафе и приватна бања со луксузни тоалети. Некои соби имаат ТВ со рамен екран и пространо седење. Богат појадок се служи наутро во ресторан Лале. Вечерта, достапно е гурманско мени со интернационална кујна. Гостите на Crowne Plaza Istanbul – Old City можат да уживаат во различни третмани за убавина во спа-центарот на хотелот или да вежбаат на кардиоваскуларна опрема во теретана (СПА ОБЈЕКТИ НЕ МОNАТ ДА СЕ КОРИСТАТ ДО 4 ЈАНУАРИ поради сегашните мерки во Турција). Аја Софија и железничката станица Сиркеџи се на 3 км од хотелот.
HOTEL GRAND ANT 3*
https://www.anthotel.com/
Хотелот GRAND ANT 3* се наоѓа во населбата Аксарај на само 15 минути од Капали Чаршија. Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби. Секоја од собите поседува сопствен тоалет, бесплатна Wi-Fi мрежа, калбовска ТВ… Хотелот располага со удобен и голем сопствен ресторан како и 24 часа отворен бар.
Поврзаноста на хотелот со остатокот од градот е одлична бидејки најблиската метро станица се наоѓа на само 100м од хотелот.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Авионски билет со компанијата Пегасус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
- Вклучен чекиран рачен багаж до 8кг
- Трансфер од аеродром до хотел и назад
- Авионски такси
- 3 ноќевања со појадок во избраниот хотел
- Комплетна организација со претставник од Т.А Рапсоди Травел
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети и посети
- Задолжителна туристичка такса во Турција
- Доплата за куфер до 20 кг – 30€
- ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 7€
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ПОСЕТИ:
- Панорамски разглед – 10€
- Топкапи палата – 30€
- Крстарење по Босфор – 20€
- Долмабахче палата – 30€
- Турска фолклорна вечера – 45€
- Ејуп, Миниатурк, Пиере лоти – 30€
- Чамлиџе – 15€
ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
1. ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД
* ХИПОДРОМ– Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.
* АЈА СОФИЈА – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.
* СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.
* КАПАЛИ ЧАРШИЈА – Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.
2. ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.
3. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен.
4. ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности. Враќање кон хотел.
5. ТУРСКА ФОЛКЛОРНА ВЕЧЕРА – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате со некој добар пијалок. Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите
6. MИНИАТУРК, ЕЈУП, ПЈЕР ЛОТИ – Најпрвин се оди до музејот Миниатурк во кој што се изложени макети од сите битни знаменитости и објекти од времето на Османлиското царство и од времето на современа Турција. Потоа следува посета на познатиот кварт Ејуп каде што се наоѓа познатата Ејупова џамија како и гробот на Мехмед Паша Соколович. По посетата на Ејуп со жичара се искачуваме до познатиот ресторан Пјер Лоти од каде што се пружа фантастичен поглед кон Истанбул и Златниот рог.
7. ЧАМЛИЧЕ – преставува најголема и најнова џамија во Турција а воедно и во Истанбул. Сместена е на азиската страна на Истанбул односно во населбата Ускудар од каде што се пружа фантастичен поглед кон Босфорот.
***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.
***Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот.
***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.