• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

МАЛДИВИ

Малдиви

17.04 – 27.04

Во кристално чистите води на Индискиот Океан лежи низа од бисери наречени Малдивски Острови. Омилена дестинација за одмор, уживање, една од најпознатите дестинации за меден месец и сон на многу луѓе од целиот свет. Малдивите се наоѓаат јужно од Индија и западно од Шри Ланка. Само околу 200 острови од архипелагот се населени, а 88 од нив се со елитни/ексклузивни летувалишта. Луѓето на Малдиви се гостопримливи и мирољубиви. Оваа мала нација брои околу 300.000 луѓе, од кои 70.000 живеат во главниот град Мале кое е мешавина на традиционална и модерна култура: старите генерации се држат до својот начин на живот, а младите се прилагодуваат на западните трендови. Мале е мал и густо населен остров, долг 2 километри и широк 1 километар. Интересно е дека стапката на развод на Малдивите е една од највисоките во светот, околу 80%. Не се чудете ако запознаете 25-годишник кој е женет веќе неколку пати. За жал овој рај на земјата полека исчезнува, поради проценките дека Индискиот океан ќе го преплави самиот остров, се претпоставува дека ќе исчезне до крајот на овој век. Воопшто не треба да размислувате дали треба оваа бајковита дестинација да ја посетите.

 

1 ден  – Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопје, на мин 2 часа пред летот, поради технички и царински формалности. Чекирање на летот за Истанбул во 20:50 часот на компанијата TURKISH AIRLINES. Во 23:25 часот пристигнување во Истанбул, од каде следува преседнување на летот кон Мале во 01:45 часот.

2 ден – Во попладневните часови (11:55 по локално време) пристигнуваме на Архипелагот од бајките, во Мале главен и најголем град на Малдивите. Трансфер со брод до сместувањето на островот Maафуши (Maafushi), еден од многубројните острови со најубавите плажи. Пристигнување и сместување. Слободно време за запознавање на овој прекрасен остров и подготовка за уживање. Ноќевање

3 ден – 9 ден – Синило на океанските води

Време за уживање ! Сончање на најубавите плажи, капење во кристалните води на океанот, уживање во прекрасната морска храна и специјалитети. Дочек на најубавите зајдисонца збогатени со вкусни коктели, факултативни излети и прошетка на островите, откривање на скриените богатства на Малдивите и убавините. Возење со мали бродчиња, сурфање и искористување на бројните водени спортови. На Малдивите сме дојдени исклучително за уживање и креирање на спомени!

9 ден – Слободно време до поаѓање за аеродром. односно два часа пред полетување, можеби во друштво на вашиот омилен коктел или можност да направите уште една од низата незаборавни фотографии. Ги напуштаме Малдивите со надеж дека ќе имаме шанса пак да се вратиме. Одиме на трансферот со бродче до Мале. Следува чекирање на летот кон Истанбул закажан во 22:40 часот. 

10 ден – Пристигнување во Истанбул во 04:55 часот наутро. Преседнување на летот кон Скопје во 07:35 часот и пристигнување во Скопје во 08:05 часот наутро по локално македонско време. Крај на авантурата.

 

 

Цена: Регуларна – 1449 евра

First minute – 1349 евра ( до 20.03.2021)

 

 

 Цената вклучува:

  • 7 ноќевања со појадок и вечера во HOTEL TRITON BEACH HOTEL & SPA (deluxe double room with pool view)
  • Авионски превоз со компанијата TURKISH AIRLINES на релација Скопје – Истанбул – Мале – Истанбул – Скопје
  • Вклучени сите такси и багаж (4кг + 30кг)
  • Трансфер на релација аеродром – хотел- аеродром
  • Трансфер со брод на релација Мале – Маафуши – Мале
  • Комплетна организација и услуги од претставниците на агенцијата, организатор на патувањето
  • exit PCR тест

 

Цената не вклучува:

  • Факултативни излети и влезници за културно-историските споменици
  • Индивидуални трошоци на патувањето
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО меѓународно здравствено осигурување кое може да се направи во агенција – 15
  • PCR тест

 

HOTEL TRITON BEACH HOTEL & SPA (deluxe double room with pool view)

 

Секој патник е одговорен самиот за себе и има обврска да ги следи инструкциите од локалниот водич и претставникот на агенцијата, кој е тука да внимава на безбедноста на патниците и да се избегне било која опасна ситуација. Покрај ова, единствена ваша одговорност е да уживате и да си поминете што е можно подобро.

Водата на Малдивите не е препорачлива за пиење, користете флаширана вода.

Од лекови со вас понесете, нормално, основни лекарства, за температура, против болки, односно лекови кои се носат на секое патување. Секако понесете и крема за сончање

Препорачуваме здравствено осигурување да си понесете со вас, истото тоа може да го извадите во агенција.

Климата на Малдивите е тропска и секогаш топла. Дневните температури никогаш не се спуштаат под 20тиот степен. Навечер температурата може да биде и под 20тиот степен, секако поради тоа, пожелно е да понесете и по некое парче облека со долги ракави и ногавици.

Традиционалната исхрана вклучува: морски плодови, ориз со зеленчук и овошје и лут кари сос. Исто така познати се специјалитетите од индиската кујна, кои се карактеризираат со многу зачини, јадењата од локалните кујни а секако и интернационалните јадења. Уличната храна е безбедна, ефтина а и достапна на секој агол.

Малдивите се апсолутно безбедна дестинација. Секако треба и да се придржувате и до некои правила. Не препорачуваме самостојно движење во доцните часови во оддалечените и пустите делови на островот, бидејќи постои можност од кражби, па затоа се препорачува да бидете претпазливи и да водите грижа за вашите лични работи. Не влегувајте во автомобил на непознато лице иако ви се претстави како персонал од хотелот. Препорачливо е со вас да понесете американски долари, а и еврата ќе може да ги менувате во сите менувачници и банки. На самиот остров има банкомати, посебно во туристичките центри и хотели. Плаќање со кредитна картичка е можно скоро секаде.На Малдивите ви се потребни адаптери за полначите, бидејќи се користат адаптери слични на оние во Велика Британија(со три коцкасти дупчиња), секако, може да ги набавите и на самиот остров, но, препорачливо е да си понесете и од дома. Напонот е 220-240V.

 

***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.

***Агенцијата го задржува правото на промена на цената на аранжманот во кои е вклучен авио превоз, доколку на летот има промена во авионската карта, агенцијата не одговара за тоа и разликата во цената ја сноси патникот. 

***Агенцијата го задрѓува правото на промена на програмот, во однос на времето на летање, кое ИСКЛУЧИВО зависи од времето на летање на авио компанијата.

The map is updating ...