• Аминта Трети бр.81-1 ДП2
  • + 389 78 399 853
  • + 389 2 609 1717
  • ДАТА
    01 January - 01 January
  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ
    1 ден
  • ЦЕНА

  • ДОСТАПНОСТ
    0

РИМ

РИМ

 

Авионски програм

Октомври: 09.10 – 12.10/ 23.10 – 26.10

Ноември: 06.11 – 09.11/ 20.11 – 23.11/ 04.12 – 07.12

 

(3 ноќевања)

 

 

 

Рим, вечниот град, античка градина која нема споредба исполнета со најзначајните христијански светилишта, и богата колекција на уметнички дела во бројните музеи, сликовити тесни улици, миризливи градски пазари, бучни и темпераментни жители, архитектура која ги опфаќа речиси сите епохи… 

 

1.ДЕН (09.10) Скопје – Рим
Состанок на групата на Скопскиот меѓународен аеродром во 11h. Чекирање на картите и поагање во 13:30h од Скопскиот меѓународен аеродром со директен лет до аеродромот во Рим. Пристигнување и трансфер до сместувањето. Check-in на групата.

 

2.ДЕН (10.10.2021) Рим
Појадок. По појадокот започнуваме обиколка на претстолнината на Италија, мешавина на легенди, историја, традиција и религија започнува со најпознатата папска тврдина, тврдина Св. Ангел ( Castel Sant’ Angelo), каде реката Тибар и неговите бројни мостови создаваат единствено доживување на градот, најпознатиот римски храм Пантеон, како и боемската атмосфера на Плоштадот Навона со фонтаната Четири Реки, почувствувајте го античкиот дух на градот покрај најпознатиот амфитеатар на светот – Колосеумот, Констаниновата триумфална капија, Римскиот форум како центар на друштвениот живот на антички Рим, потоа царскиот Форум и споменикот на цар Трајан, како и монументалното издание Vitoriano на Плоштад Венеција. или да ја почувствувате возбудата на светски познатата Fontane di Trevi, живата атмосфера на Шпанските скали или пак да уживате во бројните ресторани и кафе барови. Ноќевање.

3.ДЕН (11.10.2021) Рим – Ватикан
Појадок. По појадокот не ја пропуштајте можноста за факултативна посета на Ватиканските музеи во кои е изложена непроценлива вредна збирка на антички скулптури, Галеријата на слики, папските одаи и неповторливите Рафаелови соби. Пред самиот крај на обиколката тивко и совоодушевување зачекорите во Сикстинската капела по што Вашето разбирање за уметноста никогаш нема да биде исто. Следува доживување во внатрешноста во најголемата христијанска црква на светот, Базиликата Свети Петар, како и истоимениот плоштад исполнет со креации на баркониот уметник Бернини. Слободното време можете да го искористите шетајќи низ шопинг улицата Via del Korso. Попладневниот дел предвиден е за индивидуални активности.Нокевање.

4.ДЕН (12.10.2021) Рим – Скопје
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Сотанок на групата во 11h во сместувањето и упатување кон аеродромот за завршување на сите царински формалности и пријавување на летот кон Скопје. Пристигнување во Скопје.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 279

 

 

 

                                                                                 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • 3 ноќевања со појадок
  • Авионска карта на релација Скопје – Рим – Скопје
  • Сите аеродромски такси
  • Комплетна организација на патувањето
  • Трансфер од аеродром во Рим до сместувањето и обратно
  • Чекиран багаж РАНЕЦ СО ДИМЕНЗИИ 40 x 30 x 20 cm (без тркалца) 

 

Цената не вклучува:

  • Факултативни излети
  • Патничко-здравствено осигурување (кое може да се извади и во ТА Рапсоди Травел), задолжително.
  • Доплата за 1/1 соба – 100€ 
  • ДОПЛАТА ЗА БАГАЖ ОД 10 кг СО ДИМЕНЗИИ   55 x 40 x 23 cm (со тркалца) 35€ (по лице)
  • ДОПЛАТА ЗА БАГАЖ ОД 20 кг – 85€ (по лице)
  • Задолжителен PCR тест
  • Задолжителна градска такса за Рим( 2   по ноќ по лице)

 

 

!!! НАПОМЕНА !!!

За влез во Италија и посета на Рим, потребен е сертификат за примени две дози на Pfizer – BioNtec, Moderna, Astra Zeneca или Johnson & Johnson, по поминати 15 дена од примена втора доза на вакцина. Покрај тоа, задолжително прикажување на негативен PCR тест и пополнување на формулар за влез во Италија. 

За деца до 6 години не е потребно ништо за влез во Италија

За деца од 6 до 12 години потребен е негативен PCR тест 

За деца со наполнети 12 години потребна е некоја од горенаведените вакцини + негативен PCR тест

 

Опис на сместувањето:

https://roma.humancompany.com/

 

НАПОМЕНА!!!

***Резервација на место се прави со 6.000 денари по лице.

***Во случај на заострување на COVID – 19 мерките во местата кои се посетуваат, сите уплатени средства за аранжманот ќе ви бидат рефундирани во целост (освен средствата уплатени за авионската карта).

The map is updating ...