16Мар
 

БЕРЛИН – градот на деноноќните забави

Заборавете на Њујорк – Берлин е градот кој навистина никогаш не спие! Широката палета на забави во градот задоволуваат сечиј вкус, буџет и старосна група. Почнувајќи од мали клубови во подруми, па се до огромни техно палати, пивски градини покриени со костени или фенси коктел пештери, весели кабареа или мирни, тивки симфонии – Берлин има се, и тоа не само ноќе и за викендите, туку 24/7 нон стоп. Берлин е на прво место на листата на најзабавни градови во светот пред Лондон, Њујорк, Париз и Токио.

Со население од 3,45 милиони жители, овој град е мултикултурна средина во која живеат луѓе од повеќе од 190 земји и важи како втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија.

Овој град, во кој се одржала револуцијата, бил седиште на нацистите, бил бомбардиран и опустошен на парчиња, поделен на две половини и на крај повторно обединет, изобилува со знаменитости кои раскажуваат безброј приказни од историјата. Прошетајте по остатоците на Берлинскиот ѕид, восхитувајте се на сјајот на пруска палата, преминете под Бранденбуршката порта, посетете го контролниот пункт „Чарли“ (некогашната граница меѓу Западен и Источен Берлин и симбол на Студената војна), застанете меѓу ѕидовите на споменикот на жртвите од холокаустот. Берлин е како бескрајно фасцинантен 3D учебник каде што минатото е многу присутно каде и да одите.

Ние Ви издвојуваме неколку интересни факти за кои можеби не сте знаеле:

  • Берлин е дури девет пати поголем од Париз
  • Се вели дека градот има повеќе музеи (вкупно 175) отколку што има врнежливи денови
  • Во Берлин има повеќе продавачи на донер отколку во Истанбул
  • Постојат околу 1000 продавници за пиво кои работат во доцните вечерни часови
  • Околу 44% од градот е полн со паркови, рекреативни површини, зеленила, дрвја и реки.
  • Ако случајно останете боси забавувајќи се по ноќните клубови, не грижете се! Можете да си купите рамни салонки за 9 евра од автомат во клубот “Fritzclub”
  • Секој ден 485 нови луѓе се доселуваат во Берлин, а 327 се отселуваат