од 9610МКД
Резервирај

ИСТАНБУЛ – 8ми МАРТ

Not Rated

Времетраење

5

Тип

Специфична тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

Македонски

Опис

ИСТАНБУЛ – 8ми Март

ТЕРМИН: 07.03.2024 – 12.03.2024

                    3 ноќевања со појадок во Хотел GRAND HALIC  4*- на ТАКСИМ спроти златен Рог

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој брои преку 18 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.

 

Цена на аранжманот:  Од  155€  – 9.610 денари 

 

Повеќе инфо за хотелот на следниот линк. 

 

Факултативни излети:

• ТОПКАПИ ПАЛАТА – 40 ЕВРА

• ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – 40 ЕВРА

• КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – 25 ЕВРА

• ТУРСКА ВЕЧЕР ( со вклучено јадење и неограничено пиење) – крстарење на брод  – 45 ЕВРА

• АЗИСКИ ДЕЛ + НАСЕЛБА БАЛАТ + Цариградска патријаршија + Железната црква – 40 ЕВРА

• ОРТАКОЈ – 10 ЕВРА

 

•СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ НА ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ•

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ »RELAX & ADVENTURE« ИСТАНБУЛ:

 Долмабахче 40€ + АЗИСКИ ДЕЛ+ НАСЕЛБАТА БАЛАТ + Цариградска патријаршија + Железната Црква  40€ + Крстарење 25€ + ОРТАКОЈ 10€  –   ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ = * 95 EUR

СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ »RELAX, PARTY & FUN« ИСТАНБУЛ:

Топкапи 40€ + Долмабахче 40€ + АЗИСКИ ДЕЛ + НАСЕЛБАТА БАЛАТ + Цариградска патријаршија+ железната Црква 40€ + Крстарење по Босфор 25€ + ОРТАКОЈ 10€ +ТУРСКА ВЕЧЕР 45€  СИТЕ ИЗЛЕТИ СО ПОПУСТ = *175 EUR

 

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

1. ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД
* ХИПОДРОМ– Византиски хиподром претставувал центар на општествено-политичкиот живот во главниот град на империјата и централно и омилено место за собирање на населението од градот, место каде се одржувале гладијаторски борби и трки со коли.

* АЈА СОФИЈА – Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на Божествената мудрост. Изградена е за 5 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6. до 13. век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј. На 24. Јули 2020 година од страна на раководството на Р. Турција се претвори пак во џамија.

* СИНА ЏАМИЈА (Султан Ахмет) – Најпознатата џамија во Истанбул која е воедно и првата џамија изградена со 6 минариња за време на Османлиската империја. Посветена е на султанот Ахмет I, а поради своите бои – сина, зелена и бела нанесени на плочки од порцела, го добива прекарот “ Сина Џамија “.
* КАПАЛИ ЧАРШИЈА – Разгледот го зарвшуваме со Капали чаршија шопингот во Капали Чаршија, изгледа како истражување на лавиринт,тука може да се види еден од најголемите пазари во светот и да се почувствува магијата на едно место старо неколку века.

2. ТОПКАПИ ПАЛАТА – Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топкапи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.

3. КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР – претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен.

4. ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТА – преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја.

5. ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД / КСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од 3 часа – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате во традиционални турски пијалоци, Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите од страна на домакините, како и прекрасниот поглед кон добро препознатливите БОСФОРСКИ мостови, оваа глетка навистина ќе остане врежана во вашата меморија.

6. Најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии. Единствен кварт каде што стотици години ништо не е променето , и од каде што ќе може да ја погледнеме единствената грчка гимназија која изнудува воздишки и многу историја која е актуелна до денес.
Железната Црква како и Цариградска патријаршија срцето на православието, престолнината на православниот поглавар односно – Вселенскиот патријарх Вартоломеј 1.

По разгледот на Балат се упатуваме кон пристаништето од каде ќе испловиме кон АЗИСКИОТ дел на Истанбул. По пристигнувањето следува разглед на најзначајните знаменитости – Џамијата Михримах , Подземното метро МАРМАРА, МОМИНСКАТА КУЛА, Кејот на рибарите, традиционалните турски улички – маало со добро познатиот автентичен стил. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности, време за уживање покрај Босфор, можност за традиционален појадок, ручек , добро познатиот турски чај, како и дегустација на оригинално турско кафе.

 

Види повеќе

Маршута

1. ДЕН – СКОПЈЕ

Тргнување во 18:00 часот од пред СЦ Борис Трајковски.

2. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Пред пристигнивање во Истанбул застанување на бензинска пумпа за пауза и они кои сакаат да се спремат за факултативните излети кои се според програмата
односно , првата дестинација по пристигнување ни е ТОПКАПИ ПАЛАТАТА – ова е палата на султаните , изградена на површина од 700,000 квадратни метри, дворецот се состои од три главни влезови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници , резиденција на владетелот , други резиденции и згради за вработените во палатата, свети мошти и царски архиви останале на чување во Топкапи палатата и по преместувањето на султаните во палатата Долмабахче.
По разгледот на Топкапи се упатуваме пешки кон историскиот дел на градот , односно, Сината Џамија, Аја Софија, Хиподромот како и добро познатата Капали чаршија.
По разгледот се упатуваме во хотел и се сместуваме после 14:30 часот по локално ТУРСКО време.

Слободно време за одмор и индивидуални активности.

Ноќевање.

3. ДЕН – ИСТАНБУЛ

По појадокот се упатуваме кон “Турскиот Версај” односно добропознатата плата *ДОЛМБАХЧЕ која преставува првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19. и 20. век, претходна некогаш и главна (во 16. и 17. век) Отоманска империја. Слободно време за индивидуални активности, уживање и релаксација покрај Босфорот.

*КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР, кое претставува неизбежен дел во посетата на Истанбул. Во 90 минутното крстарење, ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… незаборавно доживување, без кое престојот во Истанбул не е комплетен…


Вечерта можност за посета на едно од најинтересните локации во Истанбул – НАСЕЛБАТА ОРТАКОЈ – место каде што ќе имате можност да се сликате со џамијата Ортакој, црвениот мост и погледот кон босфор од луксузините ресторани. Кратко кажано МАГИЈАТА НАРЕЧЕНА ИСТАНБУЛ.

Ноќевање.

4. ДЕН – ИСТАНБУЛ

Најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстаграм сензација – место каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на извонредните куќи во различни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии. Единствен кварт каде што стотици години ништо не е променето , и од каде што ќе може да ја погледнеме единствената грчка гимназија која изнудува воздишки и многу историја која е актуелна до денес.
Железната Црква како и Цариградска патријаршија срцето на православието, престолнината на православниот поглавар односно - Вселенскиот патријарх Вартоломеј 1.

По разгледот на Балат се упатуваме кон пристаништето од каде ќе испловиме кон АЗИСКИОТ дел на Истанбул. По пристигнувањето следува разглед на најзначајните знаменитости - Џамијата Михримах , Подземното метро МАРМАРА, МОМИНСКАТА КУЛА, Кејот на рибарите, традиционалните турски улички - маало со добро познатиот автентичен стил. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности, време за уживање покрај Босфор, можност за традиционален појадок, ручек , добро познатиот турски чај, како и дегустација на оригинално турско кафе.

ТУРСКА ВЕЧЕР НА БРОД / КСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР во времетраење од 3 часа – претставува традиционална вечера на која што ќе имате прилика да ги дегустирате специјалитетите на богатата турска кујна како и да уживате во традиционални турски пијалоци, Програмот е збогатен со стомачен танц и дополнителни анимации за гостите од страна на домакините, како и прекрасниот поглед кон добро препознатливите БОСФОРСКИ мостови, оваа глетка навистина ќе остане врежана во вашата меморија.

Ноќевање.

5/6. ДЕН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Check out и напуштање на хотелот во 08:00 часот. По пакувањето на стварите ВО АВТОБУС се упатуваме кон продавница ЛОКУМАДА - и од таму тргнуваме кон трговскиот центар FORUM ISTANBUL, IKEA I DEKATLON каде што ќе имаме слободно време за шопин и индивидуални активности.

Тргнување кон Скопје во попладневните (локално време) часови во договор со водичот.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Вклучува / Не вклучува

  • Автобуски превоз релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • 3 ноќевања со појадок во Хотел GRAND HALIC 4* - ТАКСИM спроти златен рог
  • Комплетна организација со претставник од Т.А Рапсоди Травел
  • ГРАТИС РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ !!!
  • Посета на Декатлон, Икеа и најголемиот шоппинг центар "FORUM ISTANBUL"
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и посети –ЗАДОЛЖИТЕЛНО МИНИМУМ 2 ФАКУЛТАТИВИ
  • Задолжителна туристичка такса во Турција – 5 евра по лице
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување - 3 €

Durations

Повеќе денови

Локација

Од 9610МКД

Можеби ќе ви се допадне