16Мар
 

ПАРИЗ – Кроасан и топло чоколадо од Анжелина или чаша Шардоне на Сена

Главниот град на прекрасната Франција. Најубавиот и најромантиченградвосветот.Градот насветлината, наљубовниците, уметниците, врвнатамода и највкуснотовино, којгодишнопривлекуванад 45 милионитуристи.

КогапомислуватенаПариз, најверојатновашатапрваасоцијација е симболотнаПариз – Ајфеловатакула, меѓутоатоане е единственотонештоштоќевигоодземездивотвоградотнасветлината.Всушност, може да се каже дека каде и да погледнете, каде и да прошетате Париз ве заведува, ги шири своите паунови пердуви и флертува со вас, ве опива и зашеметува како прва љубов.

Ви издвојуваме топ пет “must see” знаменитости без кои вашето патување во овој град од бајките не би било комплетно:

  1. Музејот Лувр

Без разлика дали сте голем фанатик на уметност или сакате само да го видите прочуениот портрет на Мона Лиза, овој музеј е дестинација број еден кога ќе пристигнете во Париз. Со оглед на безбројните величествениуметнички дела од познати артисти и големината на Лувр, факт е дека за да го разгледате целиот музеј ќе ви биде потребен цел ден. Но, вие можете барем да “протрчате“ низ ходниците полни со историја – и верувајте дека ќе препознаете многу дела и артисти.

  1. Дворецот Версај

Овој дворец бил резиденција на француските кралеви Луј XIV, Луј XV и Луј XVI, а прекрасната градба се простира на површина од 11 хектари во близина на градот Версај. Во внатрешноста на ѕидините во Версај живееле околу 6,000 луѓе, а дворецот го украсуваат и многубројни фонтани и прекрасно зеленило. Во дворецот се наоѓа и познатиот камен астрономски часовник.Величествен од внатре, со надворешен изглед што го одзема здивот. Сребро, злато, слики, прекрасниогледала.Овојпознатдворецгордо гоносии прекаротДворецнаогледалата, бидејќигиимавкупно 375.

  1. Познатата авенијаШанзелизе

Прошетка по оваа позната, отмена улица, која е долга над 2 километри е задолжителна! Со сигурност ќе ве фасцинира, ќе ви раскаже историја, ќе веповлече кон вратите на најлуксузните продавници на светските брендови Hugo Boss, levi’s, Mark & Spencer, Abercrombie & Fitch, Banana Republic, Louis Vitton, Gap и многу други, и секако, ќе ве заслади со највкусните француски кроасани.А, заониештосакааттеатар, дефинитивнотукаќегопронајдатнајубавиотвоЕвропа -влезетевоТеатаротШанзелизезададознаете зоштое тоатака.

  1. Катедралата Нотр Дам

На сите ни е познат романот ”Богородичната црква во Париз” или уштепознат и подимето “SвонаротодБогородичнатацрква”одголемиотписателВиктор Иго. Влезете во оваа мистична готска катедрала, потсетете се на приказната за Есмералда и Квазимодо и оживејте ги вашите фантазии. Влезот во катедралата е бесплатен, но качувањето во кулата не е.

  1. Ајфеловата кула

И конечно, исто како да не сме биле во Париз ако не сме се искачиле на 300 метарската кула која претставува симбол на градот. Чекањето за искачувањето на врвот навистина вреди, бидејќи најгоре ве очекува фасцинантна глетка на целиот град. Верувајте дека сликата која ќе ја видите од горе ќе ви остане врежана засекогаш во главата.