од 20398МКД
Резервирај

Апсолвентска екскурзија 2022

Not Rated

Времетраење

11

Тип

Специфична тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

Македонски

ВАЖНО

  • Во случај на откажување на патувањето целиот уплатен износ се рефундира

Маршута

Прикажи сѐ
1.ДЕН *СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА*

Поаѓање во утринските часови. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

2.ДЕН *ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ди ЈЕСОЛО*

Пристигнување во утринските часови во Венеција. Продолжуваме со разглед на Венеција. Венецијанската лагуна. По пристигнувањето во Венеција – разглед на градот: Шеталиштето на робовите, Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата Св. Марко, Кампаниле, Мостот Риалто, Санта Марија... Слободно време за индивидуални прошетки. Кратко возење до Лидо ди Јесоло, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

3.ДЕН *ЛИДО ди ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – ЉОРЕТ ДЕ МАР*

Појадок. Следува напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Верона. Прошетка низ центарот на Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Дел Сињори, куќата и гробот на Јулија, Арената… Слободно време за индивидуални разгледи и шопинг. Во вечерните часови поаѓање кон Шпанија. Ноќно возење.

4.ДЕН*ЉОРЕТ ДЕ МАР*

Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел. Попладне предвидено за одмор и индивидуални активности. Секоја вечер факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

5-8. ДЕН *ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА*

Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, DALIJEV MUZEJ, AQUARIUM, и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFITY, RED LOVE PARTY...

9.ДЕН*ЉОРЕТ ДЕ МАР – МИЛАНО*

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот. Слободно време за прошетка и индивидуални активности. Во вечерните часови поаѓање кон Милано со попатни паузи за одмор и релаксација.

10.ДЕН *МИЛАНО*

Пристигнување во Милано во утринските часови. Следи организиран разглед на Милано: замокот Сфорцеско – некогашната службена резиденција на миланските војводи, централниот плоштад Дуомо и Катедралата Дуомо - петта по големина во светот и најголема катедрала во Италија, за чија изградба биле потребни 6 века, Via Vittorio Emanuele главната шопинг улица и центар на вечерните збиднувања, Galleria Vittorio Emanuele – покриен 196 метарски коридор со витражно стакло, со бројни продавници, La Scala, зграда на миланската опера и една од најпознатите оперски куќи во светот, црквата Santa Maria delle Grazie. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

11.ДЕН *МИЛАНО – СКОПЈЕ*

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и заминување назад кон Скопје со попатни паузи за одмор и гранични регулативи.

12.ДЕН *СКОПЈЕ*

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Вклучува / Не вклучува

  • 5 ноќевања на база полн пансион во Љорет Де Мар
  • 1 ноќевање со појадок во Лидо ди Јесоло
  • 1 ноќевање со појадок во Милано
  • Посета на наведените градови според програмата со стручен водич од нашата агенција
  • Комплетна организација на патувањето со пратител
  • Превоз со модерни туристички автобуси (со клима, ТV, видео) на наведената релација
  • Факултативни излети, возење со брод до Венеција и влезници планирани по програмата
  • Патничко - здравствено осигурување (кое може да се извади и во ТА Рапсоди Травел), задолжително.
  • Доплата за двокреветна соба во Лорет Де Мар – 20 евра по лице
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка такса

Durations

Повеќе денови

Локација

Од 20398МКД

Можеби ќе ви се допадне