од 14200МКД
Резервирај

Банско – Скијање во Банско

Банско, Република Бугарија
Not Rated

Времетраење

6 денови

Тип

Специфична тура

Големина на група

30 луѓе

Јазик

Македонски

Опис

Банско е атрактивен во сите сезони. Обезбедува одлични ски и сноуборд патеки и најдолга ски сезона за разлика од сите останати бугарски ски-центри. Ски сезоната во Банско трае од 15 декември – 15 Мај. Има уникатна историја и архитектура на стариот и новиот дел на градот. Како и голем број на дискотеки, пабови и “Механи” кој нудат одлична забава, Благодарение на овие карактеристики Банско е омилена ски и сноуборд дестинација за сите возрасти.

Ски-центар Банско е најдобар зимски центар во Бугарија со најдолги скијачки патеки и најбогатa културна историја. Банско се наоѓа во подножјето на Пирин планина во југо-западна Бугарија, на 160 километри од Софија. Нуди одлични услови за скијање и сноубординг .

Многу хотели со различни стандарди и цени се достапни за сечии вкус. Банско нуди стотици барови и традиционални ресторани наречени “механа” . Банско е планинско одморалиште и е одличен избор за вашиот ски и сноуборд зимски одмор. Вечерните часови може да уживате во некој од познатите пабови и барови.

Маршута

Прикажи сѐ
1 ден – СКОПЈЕ – БАНСКО

Тргнување од пред спортскиот центар Борис Трајковски во раните утрински часови. Се упатуваме кон Р. Бугарија преку граничниот премин Деве Баир до нашата крајна дестинација – Банско, со попатни паузи предвидени за одмор и редовни гранични контроли. Пристигнување во Банско во пладневните часови. Сместување во хотелот во попладневните часови (после 14 часот) и време предвидено за одмор и релаксација од патувањето. Вечера. Ноќевање.

2 ден – 6 ден – БАНСКО – СКОПЈЕ

Престој во еден од најубавите Бугарски ски центри кој ги нуди најактуелните зимски спортови, ресторани, барови и секако релаксирачки услуги кои ги нуди самиот хотел, внатрешен и надворешен базен, џакузи, финска сауна, парна бања, турска бања, фитнес..

Заминување од Банско последниот ден во попладневните часови и се упатуваме кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови (*во зависност од условите на патот и редовните гранични и царински формалности) на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајковски.

Вклучува / Не вклучува

  • 5 ноќевања во хотел Mountain Paradise 4*, на база на појадок и вечера
  • Комплетна организација и пратител на патувањето
  • Превоз со високо модерен туристички автобус (клима, ТВ, видео)
  • Користење на СПА центар (базен, сауна ,парна бања, бежичен интернет)
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети

Durations

Повеќе денови

Локација

Банско, Република Бугарија

ЧПП

Дали во цената е вклучена ски-карта/
Не е. Цената за ски-карта се доплаќа.
Дали има дополнителни факултативи и излети?
Има. Факултативите се во организација и по потреба на туристите. Не се задолжителни.
Дали има организирани забави и групни дружби покрај патувањето?
Се разбира. Ние сме агенција за патување и настани, а не само за патување :)
Дали патувањето е по сите COVID-19 протоколи?
Да. Ги запазуваме сите мерки предвидени во државата. Но сепак секој треба да води грижа за сопственото здравје.
Од 14200МКД

Дополнителен избор

Изберете од понуденото

Можеби ќе ви се допадне