од 9860МКД
Резервирај

КРФ – КАВОС – Vila Thalia

Not Rated

Времетраење

10

Тип

Специфична тура

Големина на група

40 луѓе

Јазик

Македонски

Опис

КРФ, најсеверниот остров во Јонското море, еден од најубавите и најголемите острови во Грција. Покрај тоа што е познат по своите фантастични природни убавини и плажи за секој вкус, го именуваат и како најсеверниот остров на Медитеранот. Од друга страна, влијанието на Венецијанската република се чувствува на секој чекор и на секоја градба. Во 2007 година е прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО. Крф има голем број на споменици и културно – историски објекти што е доказ за долгата историја на островот.

 

КАВОС – лоциран е на југот на островот, а од градот и пристаништето е оддалечен околу 50 км. Кавос, денес е синоним за одличен провод и забава. Само во една улица се сместени повеќе од 80 барови , 4 дискотеки, повеќе од 30 таверни и ресторани, па затоа е познат како грчката Ибица. Туристите кои го посетуваат Кавос се млади луѓе на возраст од 16 до 35 години. Поради сето тоа проводот трае 24 часа.


Термин
Услуга VILA THALIA
1/2 1/3 1/4
25.07-03.08 Ноќевање + превоз 189€ / 159€
02.08 – 12.08 Ноќевање + превоз 189€ / 159€
Види повеќе

Маршута

 1 ДЕН – СКОПЈЕ - КАВОС

Поаѓање од Скопје во доцните вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во пристаништето Игуменица. Со фериброд следува упатување кон островот. Сместување и време за одмор и запознавање со местото.

2 – 10 ДЕН – КАВОС

Бисерот на Јонското море ви овозможува совршена комбинација на одмор и забава. Блага клима, преубави плажи, длабоко сино море, можност за повеќе излети, традиционални јадења и музика… кои ветуваат преубав одмор. Од друга страна, ќе ви стане потполно јасно зошто Кавос е едно од местата – престолнини на незаборавниот провод. Огромен број млади од цела Европа прават незаборавна атмосфера секоја година, надополнета со многу коктели, плажи, крстарење како и тематски забави. Рапсоди ве води на фантастичното место, прочуениот Golden Fox од каде има преубав поглед на заливот Paleokastritsa. …Ве водиме на познатите комерцијални плажи Glifada, Marathias…на кои покрај заедничкото сликање ќе го пренесеме целосно расположението од Кавос и одличниот провод. Ако сте желни за адреналин ќе имате одлична можност за посета на еден од најголемите водени паркови во овој дел од Европа каде ќе имате можност да испробате некоја од лудите атракции: black hole, kamikazes, free fall, hurricane twist slides.

Дефинитивно имате можност да уживате во лето на еден поинаков начин и долго да раскажувате.

11 ДЕН – КАВОС- СКОПЈЕ

По напуштањето на собите и слободното време , тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Игуменица, а потоа продолжуваме со возењето кон Македонија.

Вклучува / Не вклучува

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 9 ноќевања во избраното сместување на Кавос
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)
  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Превоз со траект на релација Игуменица – Крф – Игуменица (20€)
  • Туристичка такса – 0,5 € по ноќ
  • ЗАДОЛЖИТЕЛЕН НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ не постар од 48ч

Durations

Повеќе денови

Локација

Од 9860МКД

Дополнителен избор

Изберете од понуденото

Можеби ќе ви се допадне