from 0 review
4 дена
Специфична тура
1 person
Македонски
РОМАНТИЧНА ПРИКАЗНА НА БОСФОР – ИСТАНБУЛ (АВИО)
3 ноќевања – 22.10 – 25.10
ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ – 388€
ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул. Денес Истанбул е велеград кој брои преку 20 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.
Линк до хотелот: Grand Halic Golden Horn 4*
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ МИНИМУМ 2 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ПО ИЗБОР.
***Агенцијата го задржува правото на промена на програмот, како и редоследот на посети по денови, во било која ситуација и од било кои причини или околности кои би претставувале пречка за реализација на истиот. Истиот ќе биде реализиран веднаш во првата ситуација кога за тоа ќе има можност.
БИТНО! *** Минимум 6 месеци важност на пасошот од денот на враќање.
Состанок со групата во однапред договорено место и време на Скопскиот меѓународен аеродром.
Чекираање на летот кон Истанбул. Летот е предвиден во 11:15 минути , слетувањето е предвидено за во 13:40 минути по локално турско време.
Пристигнување и трансфер од аеродромот Сабиха Гокче до хотел – СМЕСТУВАЊЕ.
По сместувањето слободно време за индивидуални активности и одмор, а во вечерните часови можност за најпознатиот факултативен излет – ТУРСКА вечер- во времетраење од 3 часовно крстарење по Босфор и можност да се доживее ноќната магија на Истанбул , осветелните мостови, палати, куќи… навистина неверојатна глетка која не се пропушта . Програмот е збогатен со ориентални танци, во друштво на звуците на автентичната турска музика, а сето тоа зачинето со превкусна традиционална вечера како и неограничено пиење на домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Ноќевање.
* БАЛАТ
Утрото по појадокот се упатуваме кон најубавата и добро позната населба БАЛАТ , новата инстраграм сензација - место, каде имаме можност одблизу да ја доживееме магијата на инзвонредните куќи во разлижни бои кои што се единствени во таков стил и се добро препознатливи особено на оние кои гледаат турски серии. По разгледот на Балат се упатуваме кон Цариградската патријаршија.
* КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Крстарењето по босфор предствавува неизбежен дел од посетата во Истанбул. Во 90 минутно крстарење , ќе уживаме во погледот кон минатото и сегашноста , од модерни раскошни хотели , палати до приватни куќи. За враме на патувањето се поминува покрај прекрастана Долмабахче Палата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел.... незаборавно доживување , без кое престојот во Истанбул не е комплетен....
Можност за одење до Тепеши Чамлица – видиковец и највисокиот врв на Истанбул, од каде што се нуди прекрасен поглед на европската страна на Истанбул. Слободно време. Враќање во Хотел, слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
По појадокот, Заминување кон замокот Долмабахче, сместен на брегот на Босфорот, каде што живееле последните 6 султани. Ататурк, турскиот воен командант, национален водач и основач на Турската Република и нејзин прв претседател, бил последниот што живеел таму. Починал во тој замок на 10 ноември 1938 година. Оттогаш замокот бил затворен и реставриран заедно со сите предмети и наследство и претворен во музејот што го знаеме денес.
ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Топло Ви Препорачуваме ручек во еден од многуте рибни ресторани, кои секогаш служат свежи морски плодови.
Враќање кон хотел, слободно време за индивидуални активности, време за одмор,Ноќевање.
По појадокот следува напуштање на собите во 8:30 часот. За оние кои го избрале факултативниот излет разград на СТАР ГРАД заедно со локалниот туристички водич се упатуваат кон посета на Сина џамија (нема вклучен влез), Капали чаршија, Аја софија ( нема вклучен влез), Хиподром, Хамамот на султан Хурем – не се влегува. За останатите кои нема да идат во посета на стар град - Слободно време се до 13:30 минути.
Состанок на групата во хотел во 13:30 минути и трансфер до аеродром. Чекирање на летот кон Скопје. Летото е во 17:15 минути , пристигнување во Скопје во попладневните часови по локално време во 16:40 минути.