Правни напомени

1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и РАПСОДИ ТРАВЕЛ
Со користење на оваа web страна, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.

2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
Рапсоди Травел Доо ја почитува Вашата приватност и работи според следните начела:
Напоменуваме кога ни се потребни Вашите лични податоци. Ги проследуваме податоците до трето лице давател на услугата која ја резервирате или ја плаќате преку Рапсоди Травел Доо. Истотака ги користиме Вашите лични податоци за обработка на Вашите барања во рамките на системот на резервации на Рапсоди Травел и повремено да Ве известиме за новините кои се однесуваат на услугите на Рапсоди Травел.
Заради точноста на Вашите податоци во моментот кога побарувате наша услуга или друга информација Ве молиме да не известите доколку дојде до промени во Вашите лични податоци или доколку погрешно се внесени.
Доколку забележите дека Рапсоди Травел не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на collegiummkd@gmail.com  заради итна корекција на евентуалите пропусти односо решавање на проблемнот во што покус рок.

3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЛИЧНО, НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ
Овaa web страницa е наменетa за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овaa страницa.

4. СОПСТВЕНОСТ НА СОДРЖИНИТЕ
Содржините на овие web страници се сопственост на рапсоди Травел Доо Скопје, ул. Аминта Трети бр.81/1 дп.2, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците (доколку не се постигне друг договор).

5. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Информациите на оваа страница се сметаат за исправни во моментот на внесување, Сите податоци редовно ќе се прегледуваат, а евентуалните грешки веднаш ќе се одстрануваат. Рапсоди Травел го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување.

6. ЗАБРАНЕТО ИЛЕГАЛНО КОРИСТЕЊЕ
Со користењето на оваа web страница се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.

7. ЛИНКОВИ НА СТРАНИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Оваа страница може да содржи  “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а Рапсоди Травел не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.

8. ПРОМЕНА НА ОВИЕ И ДРУГИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊE 
Рапсоди Травел го задржува правото да ги менува условите за користење на web страницата и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.

9. КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА РАПСОДИ ТРАВЕЛ НА ОВИЕ СТРАНИЦИ
Web страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашите страници морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш назор и можат да ги користат Вашите податоци, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на оваа страница (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап на оваа web страница.

10. ДОПОЛНИТЕЛНИ НАПОМЕНИ
Рапсоди Травел ќе се труди да ја проверува точноста на податоците на оваа страница и да ја проширува својата понуда. Трансакциите со кредитни картички во овој момент не се активни поради што препорачуваме печатење на формуларот за резервација со авторизиран потпис од носителот на кредитната картичка и испраќање на маил со фотокопија од кредитната картичка.

РАПСОДИ ТРАВЕЛ ДОО – Скопје