од €306,56
Резервирај

КАЛИТЕА – Вила Меропи

Vila Meropi
Not Rated
Времетраење

8

Тип

Специфична тура

Големина на група

50 луѓе

Јазик

Македонски

Опис

Термин Тип на соба
1/3
19.07 – 26.07 распродадено
26.07 – 02.08 распродадено

 

КАЛИТЕА 

ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2026

 

На само 90 км од Солун, на источниот брег на првиот крак на Халкидики – Касандра, се наоѓа најпопуларното летувалиште во овој дел од Грција – КАЛИТЕА. Ова место, што во директен превод значи „убав поглед“, го добило своето име во 1946 година по единствениот поглед кој го нуди кон заливот Торонеос.

Постојано населено е во 1922 година од избеглици од Мала Азија, а денес е населено со само 450 постојани жители. Со текот на времето, оваа на почеток привремена населба, прераснува во популарна туристичка дестинација која плени со прекрасните плажи, одличната понуда на таверни и барови, археолошки наоѓалишта (светилишта на боговите Зевс и Дионис), а во последно време најпрепознатлива по одличниот ноќен живот (најпопуларната дискотека на Халкидики – „Pearl“.

 

Инфо за сместувањето:

Вила Меропи се наоѓа на главната улица, во строгиот центар на Калитеа, веднаш до семафорите и излезот на првата пешачка уличка.
  • Вилата не располага со паркинг, но најблиското место за паркирање е на околу 200 м.
  • Во нејзина близина се наоѓаат маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани и кафетерии.
  • Плажата е на 200 м, до која се стигнува преку улица или скали. Пристапот до плажата во Калитеа е по удолница.
Содржина на студијата:
  • Трокреветни студија се лоцирани на прв спрат (еден двоен кревт + еден единечен)
  • Мини кујна со прибор за готвење и јадење
  • Сопствен тоалет
  • Мал и тесен балкон
  • ТВ
  • Клима (без доплата)

 

 

Маршута

1 ДЕН - СКОПЈЕ - КАЛИТЕА

Поаѓање во раните утрински часови (во однапред договорено време) на паркингот на С.Ц. Борис Трајковски. Возење кон Грција преку граничниот премин „Богородица“ со попатни паузи според потребите на групата. Пристигнување во Калитеа и сместување во избраното сместување до 14:00. Слободно време за одмор од патот и запознавање со местото.

2-7 ден - КАЛИТЕА

Седум дневно уживање во убавините на овој туристички бисер на Егејското море. Слободно време за „полнење на батериите“ на некоја од прекрасните песочни плажи, уживање во неповторливиот поглед кон заливот Торонеос, можност за дегустација на грчката кујна во традиционалните таверни… а ноќите се резервирани за луда забава !!! Не ја пропуштајте можноста за посета на некој од факултативните излети кои се нудат во програмата, а за кои подетално може да се информирате во нашата агенција !

8 ДЕН - КАЛИТЕА - СКОПЈЕ

Напуштање на сместувањето утрото во договорено време. Пат кон Македонија…

Вклучува / Не вклучува

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 7 ноќевања во апартмани
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)
  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Туристичка такса - 1,5 еур по oсоба на ден

Durations

Повеќе денови

Локација

Vila Meropi
Од €306,56

Можеби ќе ви се допадне

Rapsody
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.