од €0,00
Резервирај

НОВА ГОДИНА – БЕЛГРАД

Not Rated
Времетраење

3 дена

Тип

Специфична тура

Големина на група

1 person

Јазик

Македонски

Опис

ОПИС НА ХОСТЕЛОТ:

1. Хостелот се наоѓа во строгиот центар на Белград спроти собранието на Република Србија со извонредна локација на само пет минути пешачење од главната улица Кнез Михаилова. Собите се топли, чисти и комфорни.
Хостелот е составен од два дела:

***Во ПРВИОТ ДЕЛ на хостелот внатре во собите има туш кабна и умивалник,  додека пак wc школките се заеднички на секој спрат. Истите во секое време се уредно чисти.

*** Во ВТОРИОТ ДЕЛ на хостелот собите се без тоалет во собата, односно wc школките , туш кабините и умивалиците се заеднички на секој спрат. Истите во секое време се уредно чисти.

Сместување

1/2 1/3 1/4 1/5 1/6

Хостел Јелица

I дел 

/ 89€ 79€ 69€ /

Хостел Јелица

II  дел

99€ 89€ 79€ 69€ 59€

 

Маршута

1.ДЕН (31.12.2026) СКОПЈЕ – БЕЛГРАД

Состанок со групата во однапред договорено време на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во Скопје. Поаѓање кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Белград, при што веднаш следува сместување во хостелот Јелица Миловановиќ во строгиот центар на градот. Краток одмор и припрема за дневната забава  со почеток од 14:00ч со која треба да ја загрееме атмосферата за дочекот на новата година. Враќање назад кон хостелот. Слободно време за индивидуални активности / одмор. Во вечерните часови следува организиран дочек во клуб  со ПОНАТ  МУЗИЧКИ ИЗВЕДУВАЧ од српската естрада и забава до раните утрински часови.
Ноќевање.

2. ДЕН - (01.01.2027) БЕЛГРАД

Среќна нова година!
Новата 2027 ќе ја започнеме во наш стил, со организација на уште една вечерна забава (реприза). Слободно време до вечерта за одмор и индивидуална прошетка низ градот!
Во вечерните часови повторно се упатуваме во еден од најпознатите КЛУБОВИ како би го заокружиле ова 48 часовно - PARTY патување онака како што ни доликува.  Забава до раните утрински часови.
Ноќевање.

3. ДЕН – (02.01.2027) БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

Напуштање на сместувањето во утринските часови во договор со водичот и поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Вклучува / Не вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Белград - Скопје
  • 2 ноќевања во хостелот “Јелица Миловановиќ” лоциран во строгиот центар на Белград (на 100м од собранието на Р.Србија)
  • Организација со водич на патувањето.
  • 2 Пакети за факултативни излети - * 1 * по избор - ЗАДОЛЖИТЕЛНО.
  • ПАКЕТ БР.1 - денска забава + реприза (втора вечер) на Нова година - 90€ по лице * В К Л У Ч У В А * - Превоз во двата правци (хостел/клуб/хостел), влез и резервација.
  • ПАКЕТ БР.2 - денска забава + ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА + реприза (втора вечер) на Нова година - 130€ по лице *В К Л У Ч У В А * - ДЕНСКА + ВТОРА ВЕЧЕР (Превоз во двата правци (хостел/клуб/хостел), влез и резервација) + ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ( ВЛЕЗ + НЕОГРАНИЧЕНО ПИЕЊЕ) РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ НАПЛАЌА во засиност од избраното сместување во клубот (ЗАДОЛЖИТЕЛНО!).
  • Туристичка такса – 5€ по лице (вкупно за двете ноќевања)
  • Патничко здравствено осигурување – 200 денари (се плаќа во агенција при склучување на самиот договор)
  • Индивидуални трошоци

Durations

Повеќе денови

Локација

Од €0,00
Rapsody
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.