од 24,740МКД
Резервирај

ПАРИЗ – CHRISTMAS MARKET – АВИО

Not Rated
Времетраење

4 дена

Тип

Специфична тура

Големина на група

1 person

Јазик

Македонски

Опис

ПАРИЗ – CHRISTMAS MARKET

10-13 ДЕКЕМВРИ 2026

 

Божиќен амбиент во Париз – градот што мириса на кроасани, изгледа како уметничко дело на секој чекор, но француското вино го покажува шармот преточен низ париските тесни улички. Од  врвот на Ајфеловата кула па до  романтичните клупи покрај Сена, Париз не е само град – тој е чувство. Градот кој ви нуди прошетка низ историјата, модата, но и едни од најубавите слатки во светот. Париз – градот каде булеварите ги инспирирале поетите, кралевите ги оставиле палатите, а посетителите прераскажуваат за музеите. Овој божиќен период и божиќните маркети се вистинска можност да уживате во градот на светлината, љубовта и романсата.

 

Распоред на лет со авиокомпанијата WizzAir:

   ТЕРМИН 

ОДЕЊЕ

ВРАЌАЊЕ

10.12 – 13.12 13:00 16:05 14:55 17:40

 

Цена по лице: 369 евра (22 880 денари) за сместување во трокреветна соба

Цена по лице 399 евра (24 740 денари) за сместување во двокреветна соба

 

Попуст за дете до 10,99 години – 50% на факултативните излети разглед и крстарење по реката Сена и 30 евра попуст на Дизниленд.

*** Целодневен разглед на Париз – 50е

Целокупна организација со стручен водич на сите најзначајни културно-историски знаменитости и туристички атракции во градот: : Монмартр со базиликата Свето Срце, Мулен Руж и живописниот Пигал, Катедралата Нотр Дам и Латинскиот кварт (од првиот ден), музејот Лувр со парковите Тилери, музејот Орсеј, плоштадот Конкорд, Палата на ивалиди, мостот Александар Трети, шармантната авенија Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро…

Во текот на активностите и првиот и вториот ден се користи париското метро за превоз на наведените локации во програмата (организација, стручен водич, потребните метро карти се вклучени во цената).

***Крстарење по реката Сена – 30е

Крстарење по реката Сена со панорамски брод како што е наведено во програмата на пристаништето кое се наоѓа во подножјето на Ајфеловата кула и една поинаква димензија за доживување на знаменитостите во градот кои се наоѓаат од двете страни на реката- дел кој беше место каде се движеа олимписките поворки и државни спортски делегации за време на отворањето на минатогодишните летни олимписки игри, чиј домакин беше градот Париз– влез-карта за брод.

***Парк Дизниленд – 150е

Со сигурност најпознатиот и најпосетуваниот тематски парк во светот, а тоа е Дизниленд. Опфаќа два тематски парка и тоа Disneyland Park и Walt Disney Studios Park со многубројни атракции и занимливости како што се: Sleeping Beauty Castle, Big Thunder Mountain, Pirates of the Caribbean, Space Mountain, Ratatouille: The Adventure, Crush”s Coaster, Avengers Campust и многу други атракции во кои со сигурност посетителот ќе ужива. Парковите се исполнети со ресторани, кафулиња, шопинг зони итн. (Цената вклучува целодневна однапред резервирана влезница и логистичка организација на посетата во Disney Parc – се посетува еден парк по избор Disney Parc или Disney Studio и карти за јавен превоз метро и воз).

 

Напомена: за реализација на некои од факултативните излети потребни се минимум 10 лица

Напомена: Организаторот го задржува правото за промена во распоредот на излетите по денови согласно условите и организациско-техничките аспекти.

 

Маршута

ПРВ ДЕН - ЧЕТВРТОК \ СКОПЈЕ - ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред летот за check in, пасошки процедури и административни формалности. Полетувањето кон Париз е планирано според времето кои е наведено горе во програмата. Слетување на аеродром Paris-Beauvais со авиокомпанијата Wizz Air. Следува организиран трансфер од аеродром до хотелот и сместување. Следува слободно време за краток одмор. Во подоцните попладневни часови следува организирано заминување со јавен превоз кон катедралата Нотр Дам и живописниот Латински кварт. По содржајните приказни од нашиот водич можност за вечера и уживање во вечерниот париски шарм на местото каде што се наоѓа еден од најпосетуваните божиќни маркети во градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

ВТОР ДЕН -ПЕТОК - ПАРИЗ

Ден наменет за вистинско уживање и разглед на градот на светлината и романсата преку целодневна факултативна тура и разглед на градот Париз со квалитетните и занимливи приказни на нашиот водич (се возиме со метро : Монмартр со базиликата Свето Срце во шармантен божиќен амбиент, Мулен Руж и живописниот Пигал, музејот Лувр со неговото двориште и со парковите Тилери каде се наоќа уште еден од најпознатите божиќни маркети во градот, музејот Орсеј, плоштадот Конкорд, Палата на ивалиди, мостот Александар Трети... Разгледот продолжува низ шармантната авенија Шанзелизе која е посебно украсена и волжебна во божиќна атмосфера, Триумфалната капија, Трокадеро... Вечерта, следува дополнителна можност за факултативна крстарење  PARIS «by night» - Едночасовно романтично возење по реката Сена со панорамски брод «BATEAUX PARISIEN». Потоа следува можност за индивидуална факултативна посета на LE TOUR EIFFEL (Ајфеловата кула) со фасцинантна панорама на градот од величествена вечерна перспектива. Во подножјето на Ајфелова кула е лоциран уште еден од шармантните божиќни маркети со одлична можност за вкусна храна, топли напитоци и вкусни благи деликатеси. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН- САБОТА - ДИЗНИЛЕНД

Организиран факултативен излет и патување во „ЕВРО ДИЗНИЛЕНД ПАРК“, кој според анкетите на нашите претходни групи и патници во текот на изминатите 10 години, е избран за НАЈАТРАКТИВНА можност за уживање во нашата понуда. Голем број атракции за сите генерации... Посетете го најуникатниот забавен парк во Европа со неограничено користење на сите атракции и присуство на шоу програми, како и посебната парада на ликовите од цртаните филмови согласно дневните распореди во забавниот парк... Не пропуштајте ја можноста еднаш годишно да заборавите на секојдневието и да уживате во убавините на овој парк... По целодневниот престој и уникатното доживување следува враќање во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН - НЕДЕЛА – ПАРИЗ - СКОПЈЕ

Одјавување од хотелот и слободно време. Следува организиран трансфер до аеродромот. Летот за Скопје е планиран според датумот кој ќе патувате и е наведен горе во програмата. Крај на програмата.

Вклучува / Не вклучува

  • Повратна авионска карта на релација Скопје-Париз-Скопје со компанијата Wizz Air,
  • Аеродромски такси, багаж со димензии на ранец 40x30x20cm,
  • Организирани трансфери аеродром-хотел-аеродром,
  • 3 ноќевања во хотел IBIS Aubervillier 2+* или хотел со слични карактеристики и категоризација,
  • Комплетна организација со стручен водич (на формирана група од минимум 15 патници)
  • Патничко здравствено осигурување - 500 денари
  • Туристичка такса во хотелот 15 евра по лице за целиот престој
  • Доплата за еднокреветна соба – 120 евра
  • Организирани факултативни излети и влезници

Durations

Повеќе денови

Локација

Од 24,740МКД

Можеби ќе ви се допадне

Rapsody
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.