од €594,24
Резервирај

LES ORRES – СКИЈАЊЕ

Not Rated
Времетраење

10 дена

Тип

Специфична тура

Големина на група

1 person

Јазик

Македонски

Опис

LES ORRES (ФРАНЦИЈА)

SKI & FUN ФЕСТИВАЛ 2027

СКИ ПАКЕТ 

08.01. – 17.01.2027.

 

Резервација на место со 6.000 денари по лице

ЗА СИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА СЕЗОНА

ОД 699€

 

Лес Ор – алпска приказна над облаците!

Скриен во срцето на Француските Алпи, Лес Ор е место каде што природата, снегот и традиционалниот алпски шарм се спојуваат во совршена зимска приказна. Опкружен со високи планински врвови, густи аришови шуми и неверојатни панорамски погледи кон езерото Сере-Понсон, овој планински бисер е идеална дестинација за оние кои сакаат зимски одмор исполнет со авантура, но и со моменти на вистинско уживање.

Со околу 100 километри уредени скијачки патеки, Лес Ор нуди одлични услови и за искусните скијачи и за оние кои сакаат полека да го откриваат светот на зимските спортови. Но, приказната не завршува на скијачките патеки. Зимските прошетки низ снежните шуми, санкањето, турите со снежни чевли и различните планински активности овозможуваат природата да се доживее од една поинаква перспектива.

За оние кои бараат малку повеќе адреналин, тука се и атрактивните планински авантури, меѓу кои и зип-лајнот, додека љубителите на фотографијата ќе уживаат во спектакуларните глетки што се отвораат од повисоките делови на планината.

А по активниот ден, Лес Ор го покажува своето најтопло лице. Традиционалните планински ресторани, пријатната атмосфера и мирисот на француските и алпските специјалитети се совршен начин за уживање по часовите поминати на снег. Љубителите на добрата храна можат да уживаат во богатата традиционална гастрономија и во специјалитети типични за овој дел од Франција.

Посебен впечаток остава и езерото Сен-Маргерит, сместено на 2.227 метри надморска височина – место каде што тишината, снегот и планинскиот пејзаж создаваат неверојатна атмосфера.

Лес Ор не е само скијачки центар. Тој е место за бегство од секојдневието, за чист планински воздух, добар вкус, авантура и моменти кои остануваат во сеќавање. Токму затоа, за оние кои сакаат да ја почувствуваат вистинската атмосфера на Алпите, Лес Ор е дестинација која вреди да се открие.

Одлична можност да ги покажете вашите скијачки или бордерски вештини на дури 100 км добро подготвени скијачки патеки, во паузата меѓу скијањето можете да уживате и во забавите кои се организираат во наша организација – APRES SKI со светски познати Dj.

Овој скијачки центар се наоѓа на надморска височина од 1650m до 2720m и има над 100 км патеки. Патеките се претежно црвени, што му дава на скијачкиот центар посебен шарм за малку поискусните скијачи. Има 17 црвени патеки со вкупна должина од 60км, 5 црни со вкупна должина од 10-15 км, 5 сини и 9 зелени патеки. Црната писта на Ла Пустерл е една од трите скијачки патеки во Франција одобрени од Меѓународната скијачка федерација и редовно е домаќин на трки од Европскиот скијачки куп. Ова место има барови и клубови кои нудат забавна атмосфера секоја вечер. Исто така љубителите на добра храна може да уживаат во богатата традиционална гастрономија  во еден од многуте ресторани во Les Orres.
Наша срдечна препорака се :
– Lou Cuguilloun (Француска кујна со одличен избор на вечера и препорака на Raclette i Foundue.)
– Le Lieu ( Поелегантна и помодерна опција).
– La Table De Steeve ( Одличен избор за вечера во помирна атмосфера)

Покрај квалитетно скијање, очекувајте добра забава организирана со наши диџеи и настапи од познати изведувачи!

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

 Residence Le Parc Des Airelles 3*** Les Orres***  ИМААТ ОДЛИЧНА ЛОКАЦИЈА: SKI – IN / SKI-OUT!  Бидејќи се наоѓаат на самата ски-патека , не ви треба автобус или пешачење бидејќи се до жичарницата и на самиот терен. Истите се позиционирани на надморска височина од 1800м и како што веќе напоменавме  директно излегуваат на ски патеките . Во нивна непосредна близина има продавници и ресторани. Сите апартмани опишани подолу имаат кујна опремена со машина за миење садови, шпорет, микробранова печка и фрижидер.

Студијата за 4 лица се со површина од околу 30м2, се состојат од два кревети на спрат или два единечни кревети во просторијата за спиење, како и софа или кауч на расклопување во дневната соба.

Апартманите за 6 лица имаат површина од околу 38м2, тие се двособни и имаат брачен кревет во едната соба поделена со лизгачка врата, како и кревет на спрат или два единечни кревети во просторијата за спиење, има софа на расклопување во дневната соба, апартманите за осум лица можат да бидат двособни и трособни, површината е околу 50м2,

Маршута

ДЕН 1 (08 ЈАНУАРИ 2027): СКОПЈЕ – ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА – ИТАЛИЈА – ФРАНЦИЈА

Поаѓање во утринските часови (околу 07 часот) од Скопје, од пред СЦ Борис Трајковски. Ноќно возење со попатни застанувања за одмор, освежување и регулирање на царинските и граничните формалности.

ДЕН 2 (9 ЈАНУАРИ 2027): ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО ЛЕ ОРЕ

Пред пристигнувањето правиме пауза во хипермаркет за купување намирници потребни за вашиот престој. Пристигнување во Ле Оре попладне. Сместување во студија/апартмани по 17 часот и подигнување на ски-карти. Ноќевање.

ДЕН 3 - ДЕН 8 (10 - 15 ЈАНУАРИ 2027): ФРАНЦИЈА (ЛЕ ОРЕ)

Слободно време за скијање, прошетки, забави, факултативни екскурзии или други активности. Ноќевање. Покрај квалитетно скијање, очекувајте добра забава организирана со наши диџеи и познати изведувачи.

ДЕН 9 (16 ЈАНУАРИ 2027): ФРАНЦИЈА - ИТАЛИЈА - СЛОВЕНИЈА - ХРВАТСКА - МАКЕДОНИЈА

Напуштање на студиото-апартманот во утринските часови. Одјава од сместувањето и следува поаѓање за Скопје. Дневно и ноќно возење со попатни паузи.

ДЕН 10 (17 ЈАНУАРИ 2027) ПРИСТИГНУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Вклучува / Не вклучува

  • * 7ноќевања во Parc Des Airelles 3*** или слично сместување во Les Orres1800, во студија со четири кревети,апартмани со шест кревети,осум кревети.
  • * 6-дневн ski pass (ски-карта) „LES ORRES “ – 6 дена скијање!
  • * Превоз со модерни туристички автобуси КЛИМА УРЕД, WC, ТВ, ВИДЕО, на наведените рута.
  • * Неограничен ски - багаж.
  • * Комплетна организација со пратител на патувањето.
  • * Туристичка такса - 20 еврa по лице (за сите 7 ноќевања).
  • * Постелнина 10 евра + голем и мал сет крпи 10 евра- Вкупно: 20евра (НАША ТОПЛА ПРЕПОРАКА Е ДА СИ НОСИТЕ постелнина и крпи)!
  • * ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ДЕПОЗИТ за целиот апартман (студио) - 400 евра
  • * Завршно чистење на апартманот 150 евра (НАША ТОПЛА ПРЕПОРАКА е сами да го исчистите апартманот)!
  • * Патничко и здравствено осигурување со вклучен скијачки ризик БЕЗ ФРАНШИЗА(до 30.000 евра)- 1.200 денари
  • * Факултативни излети - ОРГАНИЗИРАНИ ЗАБАВИ Денски и Ноќни
  • * MOЖНОСТ ЗА Изнајмување на скисет - (Скии + чизми+ стапови + кацига) од 170 до 220 евра за 6 дена. Препорака за изнајмување од следниве рентал опции: Skiset 1800 - Au Plante de Baton и Intersport Les Orres 1800.

Durations

Повеќе денови

Локација

Од €594,24
Rapsody
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.