from 0 review
4 дена
Специфична тура
1 person
Македонски
РИМ ВО НОЕМВРИ
сигурна реализација со водич
21 – 24.11
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА од 459 евра
Рим – италијанската престолнина која на секој чекор ќе ви ги открива своите магии и ќе ве фасцинира со историјата која е совршено вклопена во животот на римската метропола. Рим – вечниот град, градот на седумте ридови, престолнина на светот и уште многу синоними со кои се поистоветува градот во текот на своето постоење во три илјади години. Со векови престолнина на најмоќното царство во европската историја и многу подолго духовен центар на католичкиот свет, седиште на градот-држава, Ватикан.
Посетителите често го опишуваат како посебен и единствен. Италијаните, исто така, за својот главен град знаат да кажат дека е свет за себе. Рим е музеј на отворено, но во исто време и модерен град во успон. Оваа комбинација на виталност и богата историја го прави градот единствен. Најголема помош за посетителите е доколку обрнат внимание на лежерноста на Римјаните кон градот. За нив минатото и сегашноста имаат сосема еднаква улога во она што го прави Рим. Полн со вибрации на современ град, со помош на новата технологија, архитектура, уметност, мода и кулинарска умешност, Рим непрекинато привлекува нови патници и секогаш останува популарна дестинација.
Линк до хотелите:
https://www.regiohotelroma.it/
Пристигнување на аеродромот во Скопје три часа пред летот кој полетува за Рим во 15:55 часот и слетува во 17:40 часот. Организиран трансфер до хотелот, сместување и кратка пауза. Во вечерните часови почнуваме со истражување на Вечниот Град. По завршување на турата враќање назад во хотелот. Ноќевање.
Појадок. После појадокот се упатуваме кон Колосеумот - најголемиот амфитеатар во Рим и светот. Бил изграден од царот Тит Флавиј Веспазијан кој го започнал во 72 г.н.е., а неговиот син царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан го завршил во 80 г.н.е. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 55.000 гледачи.
После посетата на Колосеумот одиме кон Римскиот форум кој претставувал средиште на политичкиот, правниот, стопанскиот, културниот и религиозниот живот на Стариот Рим. Во времето на Стариот Рим форумот бил урбано место, денес личи на расфрлан збир од урнатини, но со извесна фантазија посетителите можат да си го претстават ова место и животот во некогашното Римското Царство. На наоѓалиштето сè уште се видливи остатоци од многу згради од различни периоди, храмови, базилики и триумфални сводови.
Од Римскиот форум се упатуваме кон Пијаца Венеција, плоштад лоциран во централниот дел на Рим. Се наоѓа на дното од Ридот Капитол близу Римскиот Форум. Во него доминира големиот споменик на Виктор Емануел Втори. Се посетува внатрешноста на палатата и потоа се искачуваме на Ридот Капитол од каде се пружа прекрасен поглед кон градот. Кратка пауза и слободно време. После паузата во вечерните часови групата има прошетка преку Ponte Garibaldi до областа Трастевере каде има вечера во еден од многубројните ресторани. После вечерата враќање назад во хотелот. Ноќевање.
Појадок. После појадокот одиме во посета на Ватикан познат и како Светиот град. Toa e најмалата независна држава на светот и по површина и по население. Ватикан е седиште на папата, кој претставува поглавар на Римо-католичката црква. Базиликата Свети Петар е соборна црква во Ватикан, посветена на апостол Петар и е најголемиот христијански храм во светот.
Кратка пауза и слободно време. После паузата во вечерните часови групата има прошетка преку Ponte Garibaldi до областа Трастевере каде има вечера во еден од многубројните ресторани. После вечерата враќање назад во хотелот. Ноќевање.
Појадок. После појадокот одјавување од собите. Слободно време за шопинг или прошетка во околината. Во договореното време организиран трансфер до аеродром во Рим со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 18:20 часот и слетува во Скопје во 20:05 часот.
УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување на РАПСОДИ ТРАВЕЛ и СКТМ, бидејќи тие се дел од секоја Програма и Договор за патување.