од 56980МКД
Резервирај

КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ (19 ДЕНА)

Not Rated
Времетраење

19 дена

Тип

Специфична тура

Големина на група

Неодредено

Јазик

Македонски

Опис

РЕДОВНА ЦЕНА – 56.980 ДЕНАРИ

ТЕРМИН: 10.04.2027 – 28.04.2027

Маршута

1. ДЕН (СКОПЈЕ – ПРАГА)

Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ во однапред договорено време. Возење со високо – туристички автобуси на релација Скопје – Белград – Виена. Ноќно возење.

2. ДЕН (ПРАГА)

Пристигнување во чешкиот главен град. Сместување во хотел и време за одмор и релаксација. Потоа следува незаборавнa welcome party во еден од најпопуларните прашки ноќни клубови. Ноќевање.

3. ДЕН (ПРАГА – АМСТЕРДАМ)

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и заминување кон центарот на Прага, по што следува разглед и целодневен престој во градот: комплексот Храдчани, Катедрала Св.Вита, Музејот на Франц Кафка, Вацлавски намести со споменикот на Св. Вацлав, Прашката брана, Старомесне намести, Тинска црква, Карлов мост, астрномскиот часовник – Орлој, споменикот на Јан Хус… Слободно време…Поаѓање за Амстердам во вечерните часови. Ноќно возење.

4. ДЕН (АМСТЕРДАМ)

Пристигнување во Амстердам во утринските часови. Разглед на центарот на градот: Dam Square, Koninlijke Paleis, Nieuwe Kerk, Beurs van Berlage, De Bijenkorf, Het Nationale monument, Madame Tussauds, Magna Plaza.Сместување во хотел. Вечерна прошетка по најстарите делови на градот, каде се наоѓа познатиот De Wallen,или популарно наречен Red light district и уште попознатите coffee shop-ови, Hash marihuana, Theatre Casa Ross. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

5. ДЕН (АМСТЕРДАМ – КРАЛСКА ХОЛАНДИЈА: ХАГ, ШЕВЕНИНГЕН, РОТЕРДАМ)

Во утринските часови заминување на факултативниот излет “Кралска Холандија”. Најпрво пристигнуваме во Хаг (Den Haag) – административната престолнина на Холандија, седиште на кралското семејство и на холандскиот парламент и палатата на мирот. Веднаш потоа заминуваме во посета на едно од најголемите летувалишта во Холандија – Шевенинген, кое покрај тоа што изобилува со прекрасните песочни плажи, претставува и дел од административниот центар на Холандија, поточно место во кое е сместен и затворот за потребите на Хашкиот трибунал. Следи кратка прошетка покрај брегот на Северното Море. Понатаму патот го продолжуваме кон Ротердам – најголемото пристаниште во Европа и вториот град по големина во Холандија. Следи рзглед на градот со сите негови најзначајни обележја. Во попладневните часови враќање кон Амстердам. Слободно време за одмор и релаксација и подготвување за посета на некој од атрактивните ноќни клубови. Враќање во хотел. Ноќевање.

6. ДЕН (АМСТЕРДАМ – ХОЛАНДИЈА ОД БАЈКИТЕ)

Напуштање на хотелот во утринските часови. Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативна посета на т.н Холандија од бајките: Zaanse Schans (живописно холандско село со традиционални ветерници, дегустација на познатите холандски сирења, посета на работилница зарачно производство на кломпи…), Vollendam (единствена можност да се ужива во убавините на европскиот север и дегустација на риба на специфично подготвен начин). Во попладневните часови враќање во Амстердам, слободно време за прошетка низ познатите холандски канали Herengracht, Keizersgracht, Prinsengracht, можност одблиску да се запознае градот. Ќе го посетиме Плоштадот на музеите или факултативна посета на кралскиот музеј – Rijksmuseum, Museum Van Gogh… Слободно време за индивидуално разгледување на градот или факултативно крстарење со брод низ каналите – еден од подобрите начини да го запознаете Амстердам. Oколу полноќ поаѓање кон Париз. Ноќно возење.

7. ДЕН (ПАРИЗ)

Пристигнување во француската престолнина во утринските часови. Прошетка по Латинскиот кварт, преку малиот остров на Сена, каде царува познатата Готска катедрала Нотр Дам, па до најголемиот музеј на светот Лувр. Следува слободно време за самостојна посета на музејот и останатите локалитети или само шетање и уживање низ градот. Препорачуваме покрај Лувр, посета и на раскошните градини, место на збиднување и прославување на големите Наполеонови победи. Сместување во хотел. Во вечерните часови можност за индивидуално запознавање со парискиот ноќен живот. Ноќевање.

8. ДЕН (ПАРИЗ)

Појадок. Факултативна посета на дворецот Версај со разглед на „замокот на кралот на сонцето” Луј ХIV, со познатите и многу убаво уредените паркови или слободно претпладне за индивидуално разгледување. Следува заминување кон живописниот и уметнички кварт Monmartre, со познатиот Париски кварт Пигал, со многубројните сексшопови, стриптиз барови и нормално Moulin Rouge, неверојатната шеќернобела базилика “Sacre Coeur” и многубројните улични уметници. Разгледот продолжува покрај операта, плоштадот Конкорд, до споменикот на победата. Разгледот со автобус се завршува кај Ајфeловата кула од каде следува единствена можност за крстарење по реката Сена и доживување на градот од една поинаква димензија. Пристигнување во хотел. Ноќевање.

9. ДЕН (ПАРИЗ)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Последниот ден од вашиот престој во „градот на светлината“ може да го посветите на шопинг и тоа во – квартот Opere, улицата Rivoli… каде слободното време може да го искористите за да ја почувствувате магијата на париските улици преполни со ексклузивни продавници кои ве привлекуваат дури за момент да ги разгледате… …или факултативна посета на EURO DISNEYLAND PARК, еден од најатрактивните излети во нашата понуда. Голем број на атракции за сите генерации… Посетете го единствениот забавен парк во Европа каде неограничен број пати може да се возите на атракциите во овој парк. Не заборавајте да ја проследите show програмата како и специјалната парада со ликовите од Walt Disney… Не ја пропуштајте можноста еднаш во годината да уживате во фантастичниот и незаборавен провод… Доцна попладне патувањето продолжува кон Азурниот Брег. Ноќно возење.

10. ДЕН (ПАРИЗ – КАН – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО)

Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. Следува панорамски разлед со автобус на монденскиот Кан, преку поминување по монденското шеталиште „La Croissette“, покрај кое се наоѓа познатата филмска палата, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал… Кратко возење кон Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais”, хотел Negresco, плоштадот Massena… Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежевството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Rapsody Travel ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1 обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува кон Шпанија. Ноќно возење.

11. ДЕН (АЗУРЕН БРЕГ – ЉОРЕТ ДЕ МАР)

Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). По слободното време следува сместување во хотел (4 полупансиони: појадок и вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор и уживање. Вечера. Секоја вечер организирана факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

12 – 14. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА)

Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA-SANGRIA WINE, SAND DANCE, NOU CAMP, AQUARIUM… и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFFITI, RED LOVE PARTY…

15. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА – КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ)

Појадок. Следува напуштање на хотелот и во договорено време заминување кон бисерот на медитеранот – Барселона. По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за дополнително уживање и обиколка на некои од бројните музеи и индивидуални активности. Во точно закажано време поаѓање кон пристаништето во Барселона, сместување во кабини. Испловување од пристаништето во Барселона… Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет, туш/WC…) на „хотелот на вода“ на релација Барселона – Чивитавекија и можност за уште една незаборавна забава во дискотеката на бродот. Ноќевање на брод.

16. ДЕН („КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ“ – CIVITAVECCHIA)

Слободно време за време на крстарењето и користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”… жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, фитнес, free shop… Групно сликање и креирање на најпознатата апсолвентска RAPSODY фотографија и дневна забава на палубата на бродот која че трае до вечерните часови. Овој ден од искуството од претходните генерации е еден од можеби најубавите и највозбудливи денови на патувањето со многу уживање и заедничко дружење. Време за одмор и релаксација. Бродот во вечерните часови пристигнува во пристаништето Civitavecchia покрај Рим. Ноќевање на брод.

17. ДЕН (РИМ – ВЕНЕЦИЈА)

Напуштање на бродот по што следува целодневен разглед на вечниот град Рим и најзначајните знаменитости: Colosseum, Forum imperiali, брдото Capitol, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, шпански скали, Panteon, piazza Navona, castel St. Angelo,piazza San Pietro… Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Во доцните вечерни часови, тргнуваме кон Венеција. Ноќно возење до Венеција.

18. ДЕН (ВЕНЕЦИЈА)

Во раните утрински часови пристигнување во Punta Sabbioni/Tronchetto – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, по што следува разглед на градот: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки и уживање во убавините на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

19. ДЕН (СКОПЈЕ)

Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови.

Вклучува / Не вклучува

  • Комплетна организација на патувањето, пратител на групата за целото времетраење на патувањето
  • Превоз со високо туристички автобуси (АС, TV, VIDEO…) на наведените релации.
  • Посета на градовите: Прага, Амстердам, Париз, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Рим, со стручни професионални водичи.
  • 1 ноќевање со појадок во Прага (хотел минимум 3*, соби 1/3 i 1/4)
  • 2 ноќевања во Амстердам (хотел минимум 2*/3*,соби 1/3 i 1/4)
  • 2 ноќевања со појадок во Париз ( хотел минимум 2*/3*)
  • 4 полу пансиони (појадок и вечера на база “шведска маса ”) во Љорет де Мар во хотел со 4* ( центар на град, базен …) во 1/3 или 1/4 соби.
  • 2 ноќевања на брод од флотата на GRIMALDI LINES на релација Барселона Civitavecchia во 1/3 и 1/4 кабини.
  • Факултативни излети, возење со брод до Венеција, влезници за музеи планирани во програмата, дополнителни посети.
  • Патничко здравствено осигурување – 1200 денари (може да се извади во ТА Рапсоди травел) и е задолжително
  • Доплата за 1/2 (двокреветна) соба- 120 евра (важи за сите хотели, освен на брод)
  • Туристичка такса 70 евра (туристичка такса во сите хотели во кои престојуваме, вклучувајќи ја еколошката такса за емисии CO2 за сите бродски компании, воведена од 01.01.2024)

Durations

Повеќе денови

Локација

Од 56980МКД

Можеби ќе ви се допадне

Rapsody
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.