from 0 review
15 дена
Еднодневна тура
1 person
Македонски
РЕДОВНА ЦЕНА – 50.780 ДЕНАРИ
ТЕРМИН: 14.04.2027 – 28.04.2027
Состанок на гру на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ во однапред договорено време – пладневни часови. Возење со високо - туристички автобуси преку Србија, Хрватска, Италија....Ноќно возење.
Пристигнување на територијата на Италија во попладневните часови. Сместување во хотел во областа Венето за одмор и релаксација од патувањето. Следува слободно време. Ноќевање.
Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и во договорено време заминување кон италијанскиот град на романсата, градот од драмите на неповторливиот Шекспир – Верона. Следува разглед на градот со сите негови најзначајни знаменитости: Арена, плоштад Бра, познатата улица Мацини, плоштад Ербе, плоштадот на господата и споменикот на Данте Алигиери, куќата на Јулија. Слободно време за индивидуални активности и уживање во убавините на градот. По слободното време, во пладневните часови следува заминување кон бисерот на Франција – Азурен Брег. Пристигнување на Азурен Брег. Сместување во хотел (регионот на Кан, Ница, Антиб, Фрејус). Време за одмор и релаксација. Ноќевање.
Појадок. Следува панорамски разглед со автобус на монденскиот Кан, преку поминување по монденското шеталиште „La Croissette“, покрај кое се наоѓа познатата филмска палата, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници.... Кратко возење кон Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena... Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежевството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Rapsody Travel ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува кон Шпанија. Ноќно возење.
Пристигнување во попладневните часови во прекрасниот Бенидорм, градот кој е трет по број на туристички легла во Шпанија, по Барселона и Мадрид. Бенидорм е туристички центар на регионот COSTA BLANCA. Кратко панорамско возење за подобро да го запознаете ова неверојатно одморалиште, кое е познато и по прекарот “Менхетен во Шпанија” поради големиот број на преубави облакодери. Сместување во хотел. Вечерта, забава во еден од многуте локали на Бенидорм. Ноќевање.
Појадок. Ден предвиден за запознавање со околината на Бенидорм и најатрактивните локации на овој дел од Шпанија, познат под името ,,TERRA MITICA”. Излетот се состои од 3 дела – Аликанте + Ел Палмерал + Мурсија. Пристигнуваме во Аликанте, уште едно од познатите шпански летувалишта во овој регион. Летувалиштето е познато по тврдината Санта Барбара, која се издига на карпа над градот. По обиколката на тврдината, прошетката продолжува кон живописниот кварт El Barrio de Santa Cruz, познато по тесните, кривулести улички, белите куќички со шарени мотиви, катедралата Свети Никола од 17 век, како и градското собрание кое се наоѓа во рушевините на средновековните ѕидини. По обиколката на стариот град, продолжуваме кон авенијата Esplanada de Espanya (поплочена со 6.6 милиони мермерни плочки). Ова е еден од симболите на градот. Прошетката завршува кај најпознатата градска плажа Playa del Postiguet, каде може да се одморите и да уживате во некои од локалните ресторани и тапас барови кои нудат специјалитети од овој регион. По Аликанте, одиме кон Ел Палмерал, неверојатната ботаничка градина со палми. За крај, одиме во Мурсија. Мурсија е еден од најголемите студентски градови во Шпанија, место каде се преклопуваат разни мистерии и тајни. Ќе ја посетиме познатата готичка катедрала „Catedral de Santa María“, со втората најголема камбана во Шпанија, потоа Palacio Episcopal de Murcia, Casino Real de Murcia, Almudi Palace, одиме до прочуената Градска куќа (Ayuntamiento) на плоштадот Glorieta, да ги слушнеме легендите за кардиналот Белуга, камените лавови и бројни други. Ноќевање.
Појадок. Слободно време или можност за неверојатна факултативна екскурзија, во која ќе ја запознаеме магичната Валенсија и нејзините најубави обележја. Турата ја започнуваме со уникатниот бисер на Шпанија и најголемата атракција на оваа метропола - Градот на уметностите и науките, дизајниран од познатиот Калатрава. Шетајќи низ овој футуристички парк ќе видиме прекрасни згради и простори уникатни во Европа и пошироко (L'Hemisfèric, L'Oceanogràfic, El Museu de les Ciències, El Palau de les Arts...). Го продолжуваме нашето патување низ времето, а од далечната иднина се враќаме во уште подалечното минато и ги запознаваме историските знаменитости на градот (Ajuntament de València, Placa de la Reina, Valencia Cathedral, Palace of the Borgias, The Central Market of Valencia, La Lonja de la Seda...). Ние ја паузираме нашата прошетка низ вековите одејќи до најзелениот дел од градот (Jardí del Túria + Jardins del Real) за да ги одмориме очите и нозете во оваа зелена оаза. По кратка пауза, следува турнеја MESTALLA FOREVER TOUR*, обиколка на стадионот на фудбалскиот клуб Валенсија, еден од најстарите стадиони во Шпанија и посета на Океанографска Валенсија - НАЈГОЛЕМИОТ Аквариум во Европа, а на крајот од денот во Валенсија, можност за посета на прочуениот BIOPARC – несекојдневна зоолошка градина, каде можеме да ги видиме животните во нивниот природен хабитат, што сигурно ќе ве остави без здив. Враќање во Бенидорм. Ноќевање
Oдјавување од хотелот во Бенидорм. Поаѓање кон Лорет де Мар во претходно договорено време. Во попладневните часови, пристигнување во најпознатиот туристички центар на Коста Брава – Лорет де Мар (65 километри од Барселона) Сместување во хотел со 4* (3 полупансиони – појадок и вечера, на база на шведска маса) . Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера. Секоја вечер факултативна посета на дискотека. Ноќевање.
Полупансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA-SANGRIA WINE, NOU CAMP, AQUARIUM... и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFFITI, RED LOVE PARTY...
Појадок. Следува напуштање на хотелот и во договорено време заминување кон бисерот на медитеранот – Барселона. По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за дополнително уживање и обиколка на некој од бројните музеи и индивидуални активности. Во точно закажано време поаѓање кон пристаништето во Барселона, сместување во кабини. Испловување од пристаништето во Барселона... Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC...) на „хотелот на вода“ на релација Барселона – Чивитавекија и можност за уште една незаборавна забава во дискотеката на бродот. Ноќевање на брод.
Слободно време за време на крстарењето и користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”... жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, фитнес, free shop... Групно сликање и креирање на најпознатата апсолвентска RAPSODY фотографија и дневна забава на палубата на бродот која ќе трае до вечерните часови. Овој ден од искуството од претходните генерации е еден од можеби најубавите и највозбудливи денови на патувањето со многу уживање и заедничко дружење. Време за одмор и релаксација. Бродот во вечерните часови пристигнува во пристаништето Civitavecchia покрај Рим. Ноќевање на брод.
Напуштање на бродот по што следува целодневен разглед на вечниот град Рим и најзначајните знаменитости: Colosseum, Forum imperiali, ридот Capitol, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, шпански скали, Panteon, piazza Navona, castel St. Angelo,piazza San Pietro ... Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Во доцните вечерни часови, тргнуваме кон Венеција. Ноќно возење до Венеција.
Пристигнување во пристаништето Тронкето во утринските часови. Факултативно возење со брод до Венеција. Разглед на градот: Дуждовата палата, Либрерија, базиликата Свети Марко, камбанаријата Campanile, Torre del Orologio, зградите Procuratie, мостот Риалто, Мостот на воздишките, црквата Santa Maria della Salute... Слободно време за прошетка и уживање низ Венеција.. По обиколката и слободното време, враќање назад кон пристаништето и поаѓање назад кон Македонија...
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.