from 0 review
10 дена
Еднодневна тура
1 person
Македонски
РЕДОВНА ЦЕНА – 32.180 ДЕНАРИ
ТЕРМИН: 17.04.2027 – 26.04.2027
Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ во однапред договорено време. Возење со високо - туристички автобуси преку Србија, Хрватска, Италија...Возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
Во утринските часови пристигнување во Punta Sabbioni/Tronchetto – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, по што следува разглед на градот: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликатa Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто... Слободно време за индивидуални обиколки и уживање во убавините на градот. Во попладневните часови заминување кон Лидо ди Јесоло со кратко возење. Следува сместување во хотел. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
Појадок. Следува напуштање на хотелот и заминување кон Милано. По пристигнувањето следува организиран разглед на Милано: замокот Сфорцеско – некогашната службена резиденција на миланските војводи, централниот плоштад Дуомо и Катедралата Дуомо - петта по големина во светот и најголема катедрала во Италија, за чија изградба биле потребни 6 века, Via Vittorio Emanuele, главната шопинг улица и центар на вечерните збиднувања, Galleria Vittorio Emanuele – покриен 196 метарски коридор со витражно стакло, со бројни продавници, La Scala, зградата на миланската опера и една од најпознатите оперски куќи во светот и црквата Santa Maria delle Grazie. Слободно време за индивидуално уживање. Поаѓање кон Љорет де Мар. Ноќно возење.
Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). По слободното време следува сместување во хотел (4 полупансиони: појадок и вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор и уживање. Вечера. Секоја вечер организирана факултативна посета на дискотека. Ноќевање.
Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA-SANGRIA WINE, SANDDANCE, NOU CAMP, AQUARIUM... и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFFITI, RED LOVE PARTY...
Oдјавување од хотели. Слободно време. Во вечерните часови заминување кон Франција. Ноќно возење.
Во утринските часови пристигнување на Азурниот брег. После кратката посета на парфимеријата во Грас, следува панорамски разлед со автобус на монденскиот Кан, преку поминување по монденското шеталиште „La Croissette“, покрај кое се наоѓа познатата филмска палата, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници.... Кратко возење кон Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena... Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежеството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Rapsody Travel ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува кон Македонија, Ноќно возење.
Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.