from 0 review
13 дена
Еднодневна тура
1 person
Македонски
РЕДОВНА ЦЕНА – 41.480 ДЕНАРИ
ТЕРМИН: 16.04.2027 – 28.04.2027
Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ во однапред договорено време – пладневни часови. Возење со високо - туристички автобуси преку Србија, Хрватска, Италија....Ноќно возење.
Пристигнување на територијата на Италија во попладневните часови. Сместување во хотел во областите на Венето за одмор и релаксација од патувањето. Следува слободно време. Ноќевање.
Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и во договорено време заминување кон италијанскиот град на романсата, градот од драмите на неповторливиот Шекспир – Верона. Следува разглед на градот со сите негови најзначајни знаменитости: Арена, плоштад Бра, познатата улица Мацини, плоштад Ербе, плоштадот на господата и споменикот на Данте Алигиери, куќата на Јулија. Слободно време за индивидуални активности и уживање во убавините на градот. По слободното време, во пладневните часови следува заминување кон бисерот на Франција – Азурен Брег. Пристигнување на Азурен Брег. Сместување во хотел (регионот на Кан, Ница, Антиб, Фрејус). Време за одмор и релаксација. Ноќевање.
Појадок. Следува панорамски разлед со автобус на монденскиот Кан, преку поминување по монденското шеталиште „La Croissette“, покрај кое се наоѓа познатата филмска палата, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници.... Кратко возење кон Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena... Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежеството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Rapsody Travel ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1 обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува кон Шпанија. Ноќно возење.
Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). По слободното време следува сместување во хотел (4 полу пансиони: појадок и вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор и уживање. Вечера. Секоја вечер организирана факултативна посета на дискотека. Ноќевање.
Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA-SANGRIA WINE, NOU CAMP, AQUARIUM... и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFFITI, RED LOVE PARTY...
Појадок. Следува напуштање на хотелот и во договорено време заминување кон бисерот на медитеранот – Барселона. По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за дополнително уживање и обиколка на некој од бројните музеи и индивидуални активности. Во точно закажано време поаѓање кон пристаништето во Барселона, сместување во кабини. Испловување од пристаништето во Барселона... Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC...) на „хотелот на вода“ на релација Барселона – Чивитавекија и можност за уште една незаборавна забава во дискотеката на бродот. Ноќевање на брод.
Слободно време за време на крстарењето и користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”... жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, фитнес, free shop... Групно сликање и креирање на најпознатата апсолвентска RAPSODY фотографија и дневна забава на палубата на бродот која ќе трае до вечерните часови. Овој ден од искуството од претходните генерации е еден од можеби најубавите и највозбудливи денови на патувањето со многу уживање и заедничко дружење. Време за одмор и релаксација. Бродот во вечерните часови пристигнува во пристаништето Civitavecchia покрај Рим. Ноќевање на брод.
Напуштање на бродот по што следува целодневен разглед на вечниот град Рим и најзначајните знаменитости: Colosseum, Forum imperiali, ридот Capitol, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, шпански скали, Panteon, piazza Navona, castel St. Angelo,piazza San Pietro ... Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Во доцните вечерни часови, тргнуваме кон Венеција. Ноќно возење до Венеција.
Во раните утрински часови пристигнување во Punta Sabbioni/Tronchetto – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, по што следува разглед на градот: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто... Слободно време за индивидуални обиколки и уживање во убавините на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.
Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови.