од 41480МКД
Резервирај

МИНИ КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ (13 ДЕНА)

Not Rated
Времетраење

13 дена

Тип

Еднодневна тура

Големина на група

1 person

Јазик

Македонски

Опис

РЕДОВНА ЦЕНА – 41.480 ДЕНАРИ

ТЕРМИН: 16.04.2027 – 28.04.2027

Маршута

1. ДЕН (СКОПЈЕ – ИТАЛИЈА)

Состанок на групата на паркингот кај салата „Борис Трајковски“ во однапред договорено време – пладневни часови. Возење со високо - туристички автобуси преку Србија, Хрватска, Италија....Ноќно возење.

2. ДЕН (ИТАЛИЈА)

Пристигнување на територијата на Италија во попладневните часови. Сместување во хотел во областите на Венето за одмор и релаксација од патувањето. Следува слободно време. Ноќевање.

3. ДЕН (ВЕРОНА – АЗУРЕН БРЕГ)

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и во договорено време заминување кон италијанскиот град на романсата, градот од драмите на неповторливиот Шекспир – Верона. Следува разглед на градот со сите негови најзначајни знаменитости: Арена, плоштад Бра, познатата улица Мацини, плоштад Ербе, плоштадот на господата и споменикот на Данте Алигиери, куќата на Јулија. Слободно време за индивидуални активности и уживање во убавините на градот. По слободното време, во пладневните часови следува заминување кон бисерот на Франција – Азурен Брег. Пристигнување на Азурен Брег. Сместување во хотел (регионот на Кан, Ница, Антиб, Фрејус). Време за одмор и релаксација. Ноќевање.

4. ДЕН (КАН – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО)

Појадок. Следува панорамски разлед со автобус на монденскиот Кан, преку поминување по монденското шеталиште „La Croissette“, покрај кое се наоѓа познатата филмска палата, ексклузивниот хотел Карлтон – каде отседнуваат ѕвездите за време на одржување на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници.... Кратко возење кон Ница. Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena... Слободно време за сончање, одмор или индивидуален разглед на градот. Во вечерните часови поаѓање кон кнежеството Монако – магичниот град на казината и коцкањето. Само со Rapsody Travel ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1 обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По завршувањето на обиколката патувањето продолжува кон Шпанија. Ноќно возење.

5. ДЕН (АЗУРЕН БРЕГ – ЉОРЕТ ДЕ МАР)

Пристигнување во утринските часови во најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Љорет де Мар (65 км од Барселона). По слободното време следува сместување во хотел (4 полу пансиони: појадок и вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор и уживање. Вечера. Секоја вечер организирана факултативна посета на дискотека. Ноќевање.

6 – 8. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА)

Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA-SANGRIA WINE, NOU CAMP, AQUARIUM... и секако единствена можност за кулминација на вашето апсолвентско лудило во DISCOTHEQUE TROPICS & МОBY ‘S, OPIUM MAR надополнети со оригиналните тематски забави SEMAFOR, GRAFFITI, RED LOVE PARTY...

9. ДЕН (ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА – КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ)

Појадок. Следува напуштање на хотелот и во договорено време заминување кон бисерот на медитеранот – Барселона. По пристигнувањето во центарот на градот слободно време за дополнително уживање и обиколка на некој од бројните музеи и индивидуални активности. Во точно закажано време поаѓање кон пристаништето во Барселона, сместување во кабини. Испловување од пристаништето во Барселона... Ноќевање во модерно опремени бродски кабини (тоалет,туш/ WC...) на „хотелот на вода“ на релација Барселона – Чивитавекија и можност за уште една незаборавна забава во дискотеката на бродот. Ноќевање на брод.

10. ДЕН („КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАНОТ“ – CIVITAVECCHIA)

Слободно време за време на крстарењето и користење на многубројните погодности кои ги нуди овој “хотел на вода”... жива музика, dance show, disco club, казино, пијано бар, фитнес, free shop... Групно сликање и креирање на најпознатата апсолвентска RAPSODY фотографија и дневна забава на палубата на бродот која ќе трае до вечерните часови. Овој ден од искуството од претходните генерации е еден од можеби најубавите и највозбудливи денови на патувањето со многу уживање и заедничко дружење. Време за одмор и релаксација. Бродот во вечерните часови пристигнува во пристаништето Civitavecchia покрај Рим. Ноќевање на брод.

11. ДЕН (РИМ – ВЕНЕЦИЈА)

Напуштање на бродот по што следува целодневен разглед на вечниот град Рим и најзначајните знаменитости: Colosseum, Forum imperiali, ридот Capitol, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, шпански скали, Panteon, piazza Navona, castel St. Angelo,piazza San Pietro ... Слободно време за индивидуална прошетка и разглед на градот. Во доцните вечерни часови, тргнуваме кон Венеција. Ноќно возење до Венеција.

12. ДЕН (ВЕНЕЦИЈА)

Во раните утрински часови пристигнување во Punta Sabbioni/Tronchetto – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, по што следува разглед на градот: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто... Слободно време за индивидуални обиколки и уживање во убавините на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.

13. ДЕН (СКОПЈЕ)

Пристигнување во Скопје во доцните попладневни часови.

Вклучува / Не вклучува

  • Комплетна организација на патувањето, пратител на групата за целото времетраење на патувањето
  • Превоз со високо туристички автобуси (АС, TV, VIDEO…) на наведените релации.
  • Посета на градовите: Верона, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Рим, со стручни професионални водичи.
  • 1 ноќевање со појадок во областа Венето (хотел минимум 3*, соби 1/3 i 1/4).
  • 1 ноќевање со појадок на Азурен Брег (регион на Кан, Ница, Антиб, Фрејус), (хотел со 2* или 3*, соби 1/3 i 1/4)
  • 4 полу пансиони (појадок и вечера на база “шведска маса ”) во Љорет де Мар во хотел со 4* ( центар на град, базен …) во 1/3 или 1/4 соби.
  • 2 ноќевања на брод од флотата на GRIMALDI LINES на релација Барселона Civitavecchia во 1/3 и 1/4 кабини.
  • Факултативни излети, возење со брод до Венеција, влезници за музеи планирани во програмата, дополнителни посети.
  • Патничко-здравствено осигурување – 800 денари (може да се извади во ТА Рапсоди травел), задолжително
  • Доплата за 1/2 (двокреветна) соба- 100 евра (важи за сите хотели, освен на брод)
  • Туристичка такса 50 евра (туристичка такса во сите хотели во кои престојуваме, вклучувајќи ја еколошката такса за емисии CO2 за сите бродски компании, воведена од 01.01.2024)

Durations

Повеќе денови

Локација

Од 41480МКД

Можеби ќе ви се допадне

Rapsody
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.